16 Јануари, 2025
0.0296

Што сé ќе добие Субрата Рој со купувањето на Џумајлија?

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Од трите потенцијални купувачи на агро комбинатот “Џумајлија” турски “Суташ”, македонската “Здравје Радово” и индиската “Сахара Индија Паривар”, изборот падна на последната компанија. Како што вчера објави Фактор, на огласот кој лани го објави Министерството за транспорт и врски, земјиштето на кое се наоѓа агро комбинатот, го купи  индискиот бизнисмен Субрата Рој. Оваа информација неофицијално беше позната уште на крајот на минатата година, иако и тогаш јавно Владата не го обелодени името на фирмата. Но, и според ланските владини изјави сé упатуваше на тоа дека Субрата Рој е новиот газда на “Џумајлија”. Кон средината на декември минатата година, премиерот Никола Груевски, изјави дека мултинационална компанија е заинтересирана за инвестирање во овој агрокомбинат, кој во 2011 година банкротираше. Според тендерската документација, Рој ќе инвестира над 200 милиони евра во следните три години, и има обврска да вработи 200 лица во првата година, а со земјиштето ќе стопанисува во следните 35 години. Индискиот бизнисмен најави дека ќе донесе над 20 илјади грла говеда, ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со голем капацитет, а ќе произведува млеко кое ќе се извезува во регионот и во Европа. Со колкав капацитет работеше Џумајлија Џумајлија е вториот по големина агро комбинат во земјава и беше под раководство на Зоран Даневски, брат на екс пратеникот Слободан Даневски. Агрокомбинатот поседува околу 6.000 хектари обработливо земјоделско земјиште и исто толку пасишта, винарска визба, млин, фарма за крави и овци. Годишно се произведуваа 10.000 тони јачмен, 3.500 тони пченица, 1.000 сончоглед, 500 тони индустриски домати, 2.500 тони брашно и 4.000 тони грозје. Во времето кога комбинатот работеше, винарската визба имаше производствен капацитет од 20 милиони литри вино, а млинот работеше со дневен капацитет од 10.000 килограми брашно. Во овој агро комбинат се одгледуваа 1.000 овци, околу 900 јагниња годишно, 200 молзни крави кои даваа по 5.000 литри млеко во текот на денот. Во производството се користеше софистицирана опрема и земјоделска механизација. Како пропадна најголемиот комбинат? Во 2011 година агро комбинатот се соочи со банкрот, а сопственикот Даневски прибежиште си најде во Бугарија. Од некогашен гигант во земјоделското производство, сега остана со празни фарми, млинови и без земја. Тогашниот газда беше осомничен дека во периодот од август до ноември 2011 година продал државни резерви на пченица и јачмен кои биле доверени на чување во силосите на комбинатот, и тоа во вредност од 1,4 милиони евра. Компанијата остана заглавена во долгови кои се проценуваа на околу 10 милиони евра кон доверители и банки, а од Даневски до денес нема ни трага ни глас. Лани во декември по одржаното собрание на доверителите на комбинатот во Основниот суд во Штип, се одлучи Џумајлија да биде ликвидиран. Реорганизацијата што беше една од варијантите беше невозможна бидејќи комбинатот остана без речиси сите објекти и изгуби голем дел од земјиштето. Се формираше стечајна маса и почна да се продава тоа што е останато. Најголем доверител е државата, втор е НЛБ Тутунска банка, а на трето место се лозарите на кои комбинатот им остана должен за ланското откупено грозје. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања