Што се крие во дипломатската вила на САД во Русија?
Објавено во: Свет 29 Јули, 2017
Вчера руската влада донесе одлука за контра мерки по воведувањето на нови санкции од страна на САД. Затоа е решено да бидат протерани голем број на американски дипломати кои повеќе не се добредојдени на руска територија.
Затоа беше затворена и американската дипломатска вила во Серебрјани Бор која се користи за одмор.
Тоа го привлече вниманието на руските новинари кои се обидоа на сите начини да дојдат до ексклузивни снимки од нејзината внатрешност качувајќи се на репортажни комбиња.