16 Декември, 2025
0.7246

ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? Обама испратил 300 тенка во Европа?

Објавено во: Свет 15 Август, 2014 20:57

Добивај вести на Viber

Норвешките медиуми објавија дека во пристаништето Намдалсилд минатиот викенд во голема тајност впловил американскиот воен брод „Дивејн Т.Вилијамс“, долг 205 метри на кој наводно се наоѓале 300 најсовремени тенкови од типот М1А1 Абрамс, оклопни возила, амфибии и друга воена опрема. Оваа пратка треба да ја замени постарата опрема која претходно била поставена во планинските бункери во централна Норвешка. Американската морнарица наводно во утробата на норвешките ридови во централниот регион Тронделаг има шест огромни магацини, изградени за време на Студената војна, со површина од околу 32.000 квадратни метри. Во нив има складишта за муниција, воена болница, сместување за тешко вооружување, оклопни борбени возила, авиони и хеликоптери. Прашањето што ги мачи норвешките медиуми е каква намера има американскиот претседател Барак Обама со толкаво вооружување стационирано во Норвешка. Американските магацини во оваа земја беа предмет на јавна критика и за време на Студената војна. Во средината на 80-тите години нивното полнење со воена опрема предизвика протести на локалното население и остри реакции од тогашниот советски блок.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете