05 Декември, 2025
0.0360

ШТО СЕ СЛУЧУВА: Штерјо набрзина ги продаде акциите во „Европа“!

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012 10:11

Добивај вести на Viber

Денеска на блок трансакција на берзата, Фершпед ги продаде акциите од фабриката за чоколади „Европа“ кои само пред две недели ги купи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Берзата денеска извести за блок трансакции со истата количина на акции, но за цена повисока само 10 денари по акција. Фершпед ги купи акциите по цена од 788 денари, а денеска ги продаде по цена од 798 деннари. Берзата не објави кој е купувач, а кој продавач, но истиот број на акции, и само малку повисоката цена сугерира дека продавач е токму Фешпед. Станува збор за 9849 акции на „Европа“, кои претставуваат 3, 71 % од вкупната акционерска структура на „Европа“. Со нив Фершпед стана најголем мнозински сопственик во фирмата, но денешната трансакција покажува дека фирмата ги купила, не за да остане во „Европа“ туку за да ги препродаде на некој друг бизнисмен. Освен „Фершпед“ и „Макошпед“, значителен дел од сопственоста на „АД Европа“ поседуваат и фирмата „Вет фарм Трејд“ (16,8 %),  и две физички лица: хрватскиот државјанин Боро Левентиќ (9 %) и косовецот Есамедин Хасани (8,5 %). АД „Европа“ во сопствен откуп држи 10,4 отсто од акциите со право на глас. Според информации што компанијата ги доставила до КХВ, во првата половина од годината „Европа“ остварила приходи од продажба во висина од 5,7 милиони евра, од кои како добивка и останале 170.000 евра, што е за 8 пати повеќе од истиот период лани. Компанијата има проценета номинална вредност од 13 милиони евра.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен