Добивај вести на Viber
Пазарот на недвижности во Чешка регистрираше исклучително силно закрепнување во изминатата година , а особено забележливо овие движења се забележуваат на пазаротво чешката престолнина - Прага.
Како што пишуваат европските медиуми, постојат неколку главните фактори кои стојат зад ова. Прво, позитивно влијание имаше одлуката на централната банка во земјата да го задржи нивото на каматите , блиску до нула. Ова доведе до намалувањето на просечните каматни стапки на хипотекарните кредити во земјата до ниво од 2,95 % годишно , наспроти 3.61 % една година порано . Една споредба покажува дека каматата во Унгарија и Романија, во локална валута за хипотекарни кредити се на ниво над 8% .Во Украина пак каматата е над 20 % .
Ниските камати придонесуваат за интензивирање на интересот на купувачите кои земале рекорден број хипотекарни кредити , повеќе дури и при бумот на пазарот на недвижностите во 2007 година. Во првата половина на годината банките дале 45 543 хипотекарни кредити за 3.9 милијарди долари , наспроти 35 780 или 3,1 милијарди долари една година порано .За споредба , претходниот рекорд на бројот на доделени кредити беше во првата половина на 2007 година беше 45 405 кредити.
Сепак, не само ниските камати се причина за растот на кредитниот пазар . Умереното зголемување на цените на имотот , без да се балонизират беше друга причина за тоа, коментираат експертите. Повеќето од имотот во периферијата на градот се тргува по цени под 2 100 долари за квадратен метар , наспроти цените во „бумот“ од околу 3 100 долари за квадрат во 2007 година. Просечните цени на недвижностите во Прага се на ниво од околу 2 500 долари за квадратен метар, а околу 5 200 нови станови се очекуваат да бидат продадени во градот оваа година .
И додека главните купувачи на станови во Прага во минатото биле Британци , Ирци и Италијанци , до денес околу 5 % од продажбата се за Русите .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: