Што се случува со економскиот раст во Словенија?
Објавено во: Економија 20 Август, 2025 16:26
Растот на словенечката економија е под просекот на Eвропската Унија(ЕУ).
Економскиот раст на Словенија во вториот квартал изнесуваше 0,7 проценти, но беше помал од очекуваното, иако донекаде сличен на оној во првата половина од минатата година. Ако ја погледнете ситуацијата на ниво на Европската Унија, европската економија во овој момент беше поголема за 1,6 проценти.
„Не можеме да бидеме задоволни ниту со тие трендови, ниту со ова закрепнување во вториот квартал. Сепак, мора да нагласиме дека имаше мала позитивна корекција на падот во првиот квартал, што всушност беше нешто пониско од првата проценка, но таа корекција беше навистина многу мала“, изјави Бојан Иванц, главен економист и раководител на Аналитичката служба на Словенечката стопанска комора, во интервју за РТВ Словенија.
Тој додаде дека, според моментално објавените податоци на Евростат, Словенија е на 17-то место меѓу 19 европски земји во однос на динамиката на економскиот раст во првата половина од годината. Единствената светла точка е растот на потрошувачката на домаќинствата, која изнесуваше два проценти, но од друга страна, просечните нето плати се зголемија за повеќе од четири проценти.foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





