ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОФИЦИЈАЛНА ФЕЈСБУК СТРАНА НА ФФМ? Наместо официјален знак на федерацијата, девојка со големи гради на профилна
Објавено во: Македонија 06 Август, 2023
На официјалната фејсбук страна на Фудбалската федерација на Македонија, се случува нешто чудно. Страната најверојатно е хакирана, бидејќи наместо официјални симболи на федерацијата, или нешто што асоцира на фудбал, на профилна фотографија објавена е девојка со провокативен стајлинг.