19 Декември, 2025
0.0562

Што се случува во Турција?

Објавено во: Балкан 29 Јули, 2015 13:55

Добивај вести на Viber

Пред атентатот во Суруч турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) водеше разговори за коалицирање со сите други парламентарни сили. Но крвопролевањето во Суруч радикално ја промени ситуацијата - сега сите погледи се насочени не кон коалициските преговори, туку кон активната борба против „Исламска држава“ (ИД) и кон паралелните кривични операции против курдската терористичка организација ПКК. Таа пак, од своја страна, веќе врши атентати и внатре во Турција.

Прокурдска опозициска Народно-демократска партија (НДП) со причина беше критикувана дека не се разликува јавно од теророт на „ПКК“. Сегашните напади извршени од „ПКК“, многу потсетуваат на ситуацијата од 90-тите години. Денес никој во Турција не сака да се вратат тие времиња на страв и несигурност, во кои загинаа многу луѓе. Затоа е уште поважно да се најде некакво решение на овој стар конфликт. Не е тајна дека сепак мирот со Курдите сериозно се ниша уште пред Ердоган да го објави се завршено.

Кој го ниша бродот?

Сега турскиот претседател бара да се одземе пратеничкиот имунитет на курдските пратеници, кои одржуваат врски со терористичките групи. Тие очигледно комуницираат со раководството на НДП. Лидерот на оваа партија Селахатин Демиртас веднаш и со самодоверба одговори дека сите 80 пратеници од партијата доброволно побарале да им се одземе имунитетот. Овој конфликт помеѓу Ердоган и умерената прокурдска партија само ги зголемува тензиите и не води кон никакво решавање на проблемот.

Од една страна владејачката „АКП“ намерно ги провоцира Курдите во сегашните напорни моменти, надевајќи се дека на тој начин ќе врати дел од гласовите кои им ги одзеде „НДП“. И да победи на евентуалните предвремени избори. Од друга страна и импулсивен, посамоуверена реакција на Демриташ не придонесува за политичката стабилност во земјата - иако на прв поглед изгледа паметно и релевантно. А ситуацијата дополнително се комплицира од барањето на турските националисти за забрана на прокурдската „НДП“.

Влада и мир со Курдите - ова е се што и треба на Турција

Целото јавно внимание сега е насочено кон овие меѓусебни обвинувања и кон размената на ударите, но во исто време коалициските преговори незабележано продолжуваат. Во моментов се одвива вториот круг од разговорите меѓу владејачката „АКП“ и Републиканската народна партија. Ако преговорите завршат со успех, наскоро може да се формира владејачка коалиција. Ако сепак не успеваат - тогаш земјата ќе тргне кон предвремени избори. А токму тоа е долготрајниот план на „АКП“. Бидејќи партијата на Ердоган никако нема да и се  допаднат резултатите од редовните избори во јуни, кои го однесоа нејзино апсолутното мнозинство.

Пред овие избори големите партии беа едногласни во ставот против теророт на „ПКК“. Сега лидерите треба да се потсетат на оваа позиција и наместо да се караат - да вложат напори за составување на коалициска влада. Само тогаш пацификацијата со Курдите повторно може да потоне и да се побара судска одговорност не само на оние кои го поддржуваат тероризмот, но и на луѓето вмешани во корупциски шеми и други нелегални активности.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација