Што содржи изборната програма на ДУИ?
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016 16:11
Во секое семејство да има барем по еден вработен, да се спроведат сите препораки од Европската комисија, но и препораките на Охридскиот договор.
Ова го ветува Демократската унија за интеграција(ДУИ). Лидерот на партијата, Али Ахмети, денеска во Скопје ја промовираше изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори, која била подготвена од интелектуалци и од докажани експерти.
„Сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме оваа програма и затоа на веб-страницата на ДУИ дадовме можност да се предложат сугестии за тоа што не сме го постигнале. Од оваа програма не добиваат само Албанците, туку сите граѓани во Македонија“- изјави Ахмети.
Артан Груби, пак, кој е носител на листата во првата изборна единица порача дека владеењето на правото ќе биде засновано на транспарентност, во согласност со сите дадени препораки и додаде дека ДУИ не познава друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и во НАТО.
Приоритет на ДУИ во наредните четири години ќе биде двојазичноста во Македонија.
Двојазичноста велат е добра за сите граѓани во Македонија и за економска соработка затоа што доминантен фактор во регионот е албанскиот и косовскиот пазар. Во наредниот мандат ќе донесат и закон за формирање на институција која ќе биде механизам за заштита на албанскиот јазик.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




