25 Ноември, 2024
0.0254

Што треба да знаеш за да платиш кеш 94.000 евра за акции во „Макошпед“

Објавено во: Економија 28 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ доби нов акционер – домашно физичко лице кој плати над 94.000 евра за акција (што на пазар последен пат се тргувала пред повеќе од 2 месеци и која не памтиме од кога не дала дивиденда), но која е најголем акционер во „Фершпед“ и голем акционер во „Европа“. Идентитетот на новиот газда во „Макошпед“ ќе остане тајна затоа што тој го употреби законското право да го сокрие идентитетот зашто поседува помалку од 5 отсто од акциите со право на глас  

Едно домашно физичко лице на една недела по изборите (минатиот четврток) плати над 94.200 евра за да си купи 4,9 отсто односно 38.630 акции со право на глас во малата скопска шпедиција „Макошпед“. Купопродажбата се случи со една блок трансакција на берзата, а единечната цена за акција изнесува 150 денари што е за 50 денари пониско од последната пазарна цена на таа акција постигната во почетокот на мај годинава.

„Фактор“ направи анализа и ги спореди статистичките извештаи на ЦДХВ кои се јавни содржини и се достапни на вебстраницата на оваа институција. На 20 јули (понеделник) во акционерската структура „Макошпед“ имал 23 правни лица кои поседуваат 67,84 отсто акции односно 573.497 гласови (н.з. акции со право на глас). На истиот датум „Макошпед“ имал 673 физички лица кои поседуваат 26,86 отсто акции односно 250.411 акции. Со трансакцијата на 22 јули 4,9 отсто од акциите односно 38.630 гласачки права се префрлуваат од разделот правни лица во разделот физички лица. При тоа бројот на акционери физички лица се зголемува за 1 и достигнува 674 (со состојба на 27 јули 2020 година н.з.). Ова значи дека едно домашно физичко лице си купува 38.630 акции за 94.220 евра. При тоа согласно со актуелната законска регулатива новиот акционер поседува 4,9 отсто од акциите и ЦДХВ нема обврска да го објави неговото име и презиме во јавниот регистар на акционери што поседуваат над 5 отсто од акциите со право на глас.

Засега ќе остане тајна идентитетот на новиот акционер во „Макошпед“, компанија чија најголема компративна предност е тоа што е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ и воедно е голем акционер во „Европа“.

Но очигледно е дека новиот сопственик на 4,9 отсто од акциите во „Макошпед“ знае нешто што знаат само малкумина од 709-те акционери на „Макошпед“.

Само за да дадеме појасен контекст на случувањата во акционерската структура во „Макошпед“ ќе потсетиме дека и на 9 јули , неколку дена пред парламентарните избори, се случи блок трансакција со 38.000 акции (нешто помалку од 4,9 отсто од сите акции) по иста цена од 150 денари за акција.

 Според јавно достапните податоци најголем акционер во „Макошпед“ е фирмата „Мепком“ во која содружници се Кочо и Марика Моцан и Лотарија на Македонија, акционерско друштво кое е во доминантна сопственост на „Фершпед“. „Мепком“ поседува 19 отсто од акциите на „Макошпед“. Втор по големина акционер е „ИГМ Трејд“ од Кавадарци металната индустрија чиј косопственик е Илија Гечев и таа компанија контролира 16,6 отсто од акциите. Трет голем акционер е угостителската компанија на поранешна скопска железарница „Уготур“ која поседува 15,2 отсто. Во сопствен откуп „Макошпед“ држи 10 отсто од акциите со што им овозможува на трите најголеми акционери да држат комотно над 51 отсто од акциите со право на глас (зашто сопствените акциите немаат право на глас и да дивиденда н.з.).

Како надополнување на сликата за вкупните случувања поврзани со таа компанија само да потсетиме дека на 3 јули се случи и блок трансакција со 84.000 акции на „Уготур“ од кои дел се на Никола Камчев еден од најголемите четворица акционери во тоа друштво. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија