19 Декември, 2025
0.0422

Што утврди Државниот пазарен инспекторат со контролите?

Објавено во: Економија 01 Март, 2023 20:18

Добивај вести на Viber

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, изјави дека во текот на денешниот ден се извршени 189 надзори на територијата на државата и утврдено е дека цената на лебот што е опфатен со одлуката на Владата е 33 денари, но онаму каде што го има.

„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели за ТОП Тема на телевизија Телма.

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и одлуката ќе биде на сила до крајот на мај. 

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?