Што вети Грција, за да остане во еврозоната?
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 19:17
Грција постигна прелиминарен договор денес за трета спасувачка програма во износ од десетици милијарди евра од нејзините партнери во 19-члената еврозона. Договорот вклучува строги економски мерки, кои Грција ќе мора брзо да ги помине како закони, пред да добие какви и да е нови заеми.
Во соопштението од средбата на лидерите на еврозоната се наведува дека овие "минимални барања" не гарантираат успешен резултат од спасувачките преговори.
Асошиејтед прес претставува преглед на она што Грција треба да го направи:
-Да побара континуирана поддршка од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), откако оваа нејзината програма со ММФ истекува во почетокот на 2016 година -Да ги ажурира потрошувачките трошоци и да се прошири даночната основа, за да се зголемат приходите. Овие закони треба да се донесат до среда. -Да изврши голем број реформи во пензискиот систем, за да ја направи финансиски остварлива. Првичните реформи се очекуваат до среда, а останатите - до октомври. -Да ја гарантира независноста на статистичката служба на земјата. -Да воведе до среда закони, кои ќе обезбедат "полуавтоматски кастрење на трошоците", ако владата не ги постигне своите цели за буџетски суфицит. -Да го ревидира системот на граѓанското правосудство до 22 јули, за да ја направи поефикасна и да ги намали трошоците. -Да спроведе реформи на пазарот на стоки, вклучувајќи да се реши проблемот со продавниците да отвораат и во неделата, да се прошири периодот на продажбата, да се либерализира сопственоста на аптеките, да се реформира пазарот на пекари и млечните производи и да се либерализираат затворени и заштитени професии, вклучувајќи го бродскиот транспорт. -Да се приватизира мрежата на електричните оператори, освен ако не се најдат алтернативни мерки со ист ефект. -Да се ревидира пазарот на трудот. Ова вклучува ревидирање на колективните договори и прописите за синдикалните активности и колективните отпуштања. -Да се справи со банкарските кредити и да го заостри банкарски менаџмент. -Значително да се зголеми програмата за приватизација, префрлајќи грчки средства во вредност од 50 милијарди евра кон седиштето во Грција во независен фонд, кој ќе ја оствари приватизацијата. Овој фонд ќе биде користен како гаранција од доверителите. -Да ја модернизира и заздрави грчката администрација и да ги намали трошоците за неа, а првиот предлог мора да биде поднесен до 20 јули. -Да им овозможи на членовите на трите институции да ги надгледуваат грчките реформи - Европската централна банка, ММФ и Европската комисија (познати пред како "тројката") - да се вратат во Атина. Владата треба да се консултира со институциите за сите важни нацрти пред да ги достават за јавни дебати или да ги достават до парламентот. Да ја преиспита и ако е потребно, да поднесе амандмани на законодавството, усвоени во последните шест месеци, што се смета дека ја отстранило земјата од претходните нејзини обврски по спасувачките програми.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




