ПРУГА КОН БУГАРИЈА: има ли уште причини да веруваме на ветувањата?
Објавено во: Македонија 08 Април, 2014 08:32
Со буџетот за 2004 година е прекинато со обезбедување на пари за изградба на пругата кон Бугарија. Тогашното раководство на ЈП „Македонски железници“, со допис од 27.03.2004 година ги информирало градежните фирми дека:
„Македонски железници не располагат со активни финансиски средства за изградба на железничката пруга Куманово-Крива Паланка-граница со Република Бугарија. Неизвесна е и финансиската конструкција за обезбедување на средства за тековната 2004 година. Со оглед на тоа предлагаме започнатите работи да се стават во мирување. Доколку Вие одлучите, а со оглед на новонастанатата финансиска состојба можете одредени позиции да ги доработите за да се доведат започнатите објекти во безбедна состојба.“, стои во дописот што МЖ го испратило до гртадежните компании што биле ангажирани.
Колкави штети се направени ?
Откако работите на терен беа стопирани, почна да пропаѓа и тоа што беше изградено. Сите влади, речиси да не одвојуваа пари за да се заштитат мостовите и тунелите што беа изградени пред да се стопира финансирањето на овој проект.
Според анализите кои во 2009 година ги има направено надлежните институции во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, штетите кои се направени поради едностраниот прекин на работите изнесуваат околу 20 милиони евра. При тоа во анализитес е потенцира дека штетите се должат на должат на бројните судски спорови кои ги имаа покренато градежните фирми против ЈП „МЖ Инфраструктура“ како и отштетни побарувања. Дополнително, на оваа сума треба да се вкалкулираат и авансите од околу 9 милиони евра што се дадени на градежните фирми, а кои не се релизирани.
Но, владата на ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека договорите кои беа склучени помеѓу ЈП „Македонски железници“ и градежните фирми во 1994 година, успела вонсудски да ги раскине, без никакви дополнителни трошоци.
АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА
Во периодот од 2009 до 2012 година повторно се актуелизира изградбата на пругата кон Бугарија. Изработени се, физибилити студија и студија за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот за делницата од Кичево до Лин, граница со Република Албанија, како и физибилити студија и студија за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот за делницата Куманово-Деве Баир во 2011 година.
Прва делница од Куманово до Бељаковце
Во 2012 година Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој дозволи да и се доделат средства на Македонија во износ од 46.4 милиони евра за започнување на градежните работи за делницата од Куманово до Бељаковце.
На 20.12.2013 година склучен е Договор меѓу ЈП „МЖ Инфратрсуктура“ - Скопје и германската фирма “WIEBE“ за изведување на градбата. Активностите на терен се стартувани е се очекува до 2016 година да биде завршена. Градежната компанија „Вибе” ја гради првата делница од Куманово до Бељаковце долга 31 километри.
Втора делница од Бељаковце до Крива Паланка
За делницата од Бељаковце до Крива Паланка потребни се 147, 5 милиони евра. Парите за изградба на оваа делница се уште не се обезбедени, а се бараат од Европската банка за обнова и развој. Разговорите со ЕБОР се во тек, велат во ресорното министерство за транспорт и врски за Фактор.
Засега е потпишан Договорот за изработка на основниот проект за оваа делница по што, според најавите до 2015 година треба да биде избрана и компанијата која ќе ги извршува градежните активности на овој потег.
Односно, инвестициско-техничката документација е предвидено да биде готова до крајот на првиот квартал од 2015 година, а до крајот на третиот квартал од 2015 година да биде избран и изведувачот на градежните работи.
Трета делница од Крива Паланка до граница со Бугарија
Не е комплетирана ниту финансиската конструкција за последниот дел пругата кон Бугарија, односно делницата од Крива Паланка до Деве Баир на бугарската граница. Оваа делница е долга 23 километри, воедно тоа е најтешкиот и најскапиот дел од овој проект. Според проекциите овој дел ќе чини 340 милиони евра.
Според инфромациите од министерсвото за транспорт, изработен е основниот проект за трасата и целосната документација е доставена до Европската комисија од каде се чека за добивање на финансиски средства преку ИПА фондовите.
Сепак, ресорното министерство најавува дека за третата и последна делница од источниот дел од Коридорот 8, оваа година е предвидено да се објави јавен повик, согласно правилата на Европската Унија за избор на фирма која ќе ги изработи основните проекти и до крајот на 2016 година, инвестициско–техничката документација ќе биде изработена, по што ќе следи обезбедување на финансиски средства и избор на градежна фирма.
Според најавите средствата за изработка на инвестициско-техничката документација во износ од 3,5 милиони евра се обезбедени.
Н.С.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




