08 Јули, 2024
0.0274

ШТО БИ РЕКОЛ АНГЕЛОВ, „СЕЈФТИ ФРСТ“: Опасни камења ги демнат туристите во шпицот на сезоната на делницата Скопје-Велес

Објавено во: Македонија 04 Август, 2023

Добивај вести на Viber

По укажување на граѓаните во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за одронети и опасни камења паднати од десната страна на автопатот до белата линија и заштитната мрежа за одрони, на делницата на Скопје – Велес, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен заедно со директорот Костадин Ацевски, директор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈП ОЗМРП). 

Имено, повеќе граѓани укажаа на Единствениот телефонски број 112 во ЦУК дека на автопатот Скопје – Велес има одронети крупни и ситни камења, што ако се насоберат повеќе при одредени метеоролошки состоби може да довтасаат – за се доистркалаат од под заштитната мрежа и преку белата гранична линија на патот. Во тој случај тие би претставувале потенцијална опасност за возилата, односно за возачите и патниците коишто ја користат оваа делница во нашата земја. 

 Вработените од Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта ги затекнавме на терен при редовна работа за расчистување на дел од делницата, во правец Скопје - Велес, а полициската асистенција од МВР овозможуваше за да се врши расчистувањето побезбедно. При тоа, Ангелов, посочи дека е секогаш актуелен апелот до граѓаните за почитување на сигнализацијата на патот и прилагодување на движењето според условите на патот, согласно неговото познато мото - Безбедноста на прво место! („Сејфти фрст!“) 


 При превентивното разгледување на ситуацијата на терен, во разговорот со Ангелов, Ацевски посочи дека континуирано се работи и се чисти од паднати камења што се истркалани под заштитната мрежа и се покрај автопатот, особено по поројни дождови и во периодите кога има голема разлика на екстремните температури во текот на деноноќие, односно периоди од годишно време. Нагласи дека од особена важност се пријавите од граѓаните за ваквите одрони затоа што тоа е најбрзата информација од терен за опасности на патот и превентивно дејствување на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта: 

„Нашите служби континуирано се на терен, и на дневно ниво ги поминуваат овие делници. Земајќи предвид дека работиме со ограничени човечки ресурси постојано работиме на чистење на патиштата во соработка со надлежните институции“. Тој посочи дека автопатот Скопје – Велес е специфична делница што речиси секогаш има одрони заради конфигурацијата на теренот, местоположбата и метео приликите. Екипите на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со градежни машини работат на отстранување на покрупните камења со цел растоварување на заштитните мрежи на карпестите пресечени ридови и ритчиња од левата страна на автопатот.



Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор