Штрајк во Грција
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2013 10:44
Државниот сектор, образованието, општинската администрација и осигурителните компании, продолжуваат да штрајкуваат во Грција против планираните масовни отпуштања од работа и прераспределби на државните службеници, кои се поставени како услов од меѓународните кредитори на земјата за добивање финансиска помош.
Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) за денеска најави 48-часовен штрајк на наставниците. Од 10 до 13 часот работата ќе ја прекинат и новинарите, а во протестот ќе се вклучат и даночните инспектори и пилотите. Во нов петдневен штрајк излегуваат и вработените на универзитетите.
Од вчера 48-часовен протест започнаа професорите во средните училишта, вработените во осигурителните компании и општинската администрација.
Протестите се последица на договорот меѓу Владата во Грција и меѓународните кредитори до крајот на овој месец да бидат прераспределени и отпуштени од работа 12.500 државни службеници, а до крајот на годинава вкупно 25.000. Во период од осум месеци тие ќе добиваат 75 отсто од платата, а доколку бидат префрлени на друго работно местп, ќе бидат отпуштени.
Претстојните намалувања на бројот на државните службеници е многу алармантна состојба во Грција, каде невработеноста веќе достигна рекордни 28 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




