20 Декември, 2025
0.4368

ШТРАЈКОТ ВО ПОШТА СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ - прифатено барањето за зголемување на платите за 3.000 денари

Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 11:35

Добивај вести на Viber

Вработените во Пошта го ставија во мирување штрајкот, кој го започнаа вчера, откако е прифатено едно од нивните главни барања. Тоа ќе важи се до 27 овој месец.

„Ве известуваме дека Синдикалните организации на Македонска пошта со запонување на Генералниот штрајк на ден 14.04.2022 година, веднаш започнаа интезивни преговори со Управниот одбор на А.Д.Пошта на РСМ, со што се постигна договор  за првото приоритетно барање на вработените за линеарно покачување на нето платата на вработените  во износ од 3.000 денари“, се вели во соопштението од Младен Стојаноски, претседател на синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија, како и од претседателот на Синдикат на Македонска пошта, Боро Велигденов.

Синдикалните организации го прифатиле предлогот на Управниот одбор, и во текот на вчерашниот ден Управниот одбор донел одлука  за линеарно покачување на платите на вработените која гласи.

Се прифаќа  барањето на Синдикалните организации на А.Д Пошта на РСМ за линеарно покачување на платите на вработените во износ  од 3.000 денари

Динамиката на линеарно зголемување на плата, прво за вработените во технолошкиот процес платата ќе се зголеми со исплата на плата за јуни, за останатите вработени во администрација платата ќе се зголеми со исплата на плата за август.

„Врз основа на донесената одлука од Управниот одбор на ден 14.04.2022 година следи потпишување на спогодба со Управниот одбор на А.Д Пошта, во која ќе бидат опфатени сите точки од барањата на вработените наведени во одлуката за генерален штрајк на Синдикалните организации. Рокот за потпишување на спогодба со Управниот одбор е до 27.04.2022 година.

Со тоа  Генералниот штрајк ќе биде во мирување до 27.04.2022год

Оттука , работниот процес во А.Д Пошта на РСМ ќе се одвива непречено во сите поштенски единици во Македонија“, се нагласува во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки