24 Ноември, 2024
0.0268

Шуто Оризари: Густо населени улички и скромни услови за живот, но до сега можеби ниту еден заболен од Ковид-19

Објавено во: Македонија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

За ромските населби вообичаено е што многу луѓе живеат во малo и густо населени улички, честопати без потребните инфраструктурни услови. Среде пандемија на коронавирус, малкумина ги споменуваат, но ромските организации засега остануваат на ставот дека во општина Шуто Оризари нема заболени затоа што најголема „опасност“ претставува пазарот, а тој во моментов е затворен.

Љатифа Шиковска, познатата хуманитарна активистка, вели дека меѓу последните починати од Ковид-19 е 50-годишен маж на Шуто Оризари, кој боледувал две недели а починал во ГОБ (8 Септември“. Според Шиковска тој засега е единствениот случај на починат од оваа ромска населба, а информацијата само што и била потврдена.

- Сметам дека вонредната состојба е максимално почитувана, освен на почетокот од кризата додека пазарот беше се уште отворен. Кризниот штаб на општината работи успешно, но сепак сметам дека ни недостига она институционално работење во континуитет што требаше да го има со министерствата за труд и социјална работа и за здравство. Осумдесет отсто од населението живеат од продажбата на пазарот, а голем дел од населението живее од секундарно собирање на пластичен отпад, Мерките за помош во овој случај тешко допираат до нив. Правиме напори да им се обезбеди што побрзо минимален приход, за тие да можат да седат дома и да не се грижат за својата егзистенција, иако постапката за тоа ќе трае еден месец. Покрај тоа има 300 лица без документи кои се надвор од системот. Шуто Оризари е специфична општина по тоа што многу соседи живеат мошне блиску еден до друг, но од друга страна добро е тоа што во клучниот период не се вратија нашинци од дијаспората, вели кандидатката за пратеник во националното Собрание.

Здравствените системи не прават разлика ниту по вера, ниту по националност, така што сите треба да имаат еднакви права, особено од аспект на здравствена заштита. И СЗО вели дека сите земји мора да направат фин баланс од една страна да се заштити здравјето на луѓето, а од друга страна да се минимизираат економските и социјалните нарушувања. Од оваа позиција тргнува и нашиот здравствен систем, што значи дека сите имаат еднаков пристап во здравствените служби. Во оваа насока и Ромите кои сосема еднакво го остваруваат и пристапот и згрижувањето и третманот, а особено и сега кога станува збор за заразна болест со која се соочува цел свет, смета Гордана Кузмановска, специјалист епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

- Генерално, посериозен и поголем проблем би ни претставувало тоа што дел од ромската популација во нашава земја живее во субстандардни услови, а дел од оваа популација и нема постојано место на живеење, односно многу често се селат, го менуваат живеалиштето. На овој начин, евентуално заразени со вирусот би биле проблем за идентификација, како и менаџирањето на тие случаи и нивната болест за да се спречи понатамошно ширење на заразата. Исто така, поголем проблем би било следењето на нивните контакти. Но ако направиме паралела со малите сипаници, морбилите, оваа епидемија почна од ромската популација и заврши таму, со тоа што морбилите имаат многу поголем индекс на заразување и изнесува дури 99 проценти, а најголемиот дел од популацијата не беше вакцинирана од голем број причини. Тоа е причина за да се разгори епидемијата и да се прошири и пошироко. Во однос на Ковид-19, индексот на заразување е помал, но проблем би биле причините што ги набројав. Затоа, државата треба да вложи поголеми, дополнителни напори особено во услови на непостоење на начин да се изолираат болните и нивните конактти. Тоа би требало да се направи во посебни објекти, како што сега постојат карантинските обкјети, или да се отворат такви нови капацитети, изјави Кузмановска.

Елвис Шаќири од „Ромалитико“ вели дека Ромите не може да бидат стигматизирани само заради тоа што некои од нив живеат на места каде што не е достапна чиста вода за пиење и канализација, а ниту пат да се пристапи до таму. Тој вели дека напротив, самиот начин на живот ги прави таквите посилни и поотпорни.

- Точно е дека има Роми кои живеат маргинализирано и дека голем медиумски интерес предизвика отворениот пазар. Сепак, тој е основен извор за регуларен прилив на средства на многумина и постојат гласини дека истиот ќе се отвора оваа недела, бидејќи во спротивно луѓето ќе почнат да размислуваат дека и онака немаат што да загубат. Според нашите информации во Шуто Оризари нема ниту еден заболен. Она што е добро во моментов е тоа што за секоја куќа има помош, благодарение на доброто функционирање помеѓу општината, невладините организации и дијаспората, смета Шаќири.

Социјално изолирани и често се нетрпеливи да седат дома во мал простор, давањето помош и поддршка на најранливите е во интерес на сите, бидејќи тоа го штити и заштитува општото здравје и благосостојба. Затоа активистите и здравствените работници порачуваат дека е особено важно локалните и националните власти да се фокусираат на зголемувањето на нивото на здравствени услуги и санитарни услови во ромските семејства и населби и да обезбедат пристап до вода за пиење и средства за дезинфекција. 

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема