15 Декември, 2025
0.0277

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат за иднината со ЕУ

Објавено во: Свет 02 Август, 2014 08:35

Добивај вести на Viber

Гласачите во Швајцарија ќе се произнесат по прашањето за односите на земјата со Европската унија (ЕУ), соопшти претседателот Дидие Буркхалтер. Референдумот најверојатно ќе се одржи кон крајот на 2016 - почетокот на 2017 година. Договорите меѓу Берн и Брисел се загрозени поради резултатите од референдумот за ограничување на имиграцијата од ЕУ. Швајцарците се разделија по прашањето за ограничувањата, но сепак малку повеќе од 50% од гласовите беа за поддршка на бариерите за имигрантите од ЕУ. Берн се обидува да воведе квоти за имигрантите од унијата, и покрај противењето на Брисел, кој се заканува со прекин на финансирањето за научни и други програми, ако биде направен обид за повторно преговарање на договорот за слободно движење на луѓе. "Ќе биде потребно граѓаните на Швајцарија уште еднаш да гласаат каква сакаат да е иднината на билатералните договори кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година", коментира Брукхалтер во телевизиско интервју. Слободното движење на луѓе е еден од основните принципи на Европската унија (ЕУ), кон кој Швајцарија треба да се придржува, иако не е членка на унијата, бидејќи има склучено билатерални договори со Брисел во однос на трговијата, технолошката соработка, образованието, воздухопловството, инфраструктурата и т.н. Во принцип Владата на Швајцарија се спротивстави на идејата за воведување на квоти за имигрантите од ЕУ, но е принудена да ја спроведе одлуката на мнозинството кое учествуваше на референдумот за ограничување на имиграцијата. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете