05 Декември, 2025
0.0407

Швајцарија со остри мерки кон социјалците од ЕУ, го празнат буџетот!

Објавено во: Анализа 16 Јануари, 2014 10:22

Добивај вести на Viber

Швајцарската влада одлучи веќе да не се доделуваат социјални бенефиции за граѓаните на Европската унија (ЕУ), кои бараат работа во земјата, соопшти AFP. Мерката е дел од борбата со злоупотребите со јавни ресурси. Покрај граѓани на ЕУ, право на социјална помош при барање работа во Швајцарија нема да имаат и граѓаните на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ)- Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, соопшти Канцеларијата за миграција. "Граѓаните на земја членка на ЕУ или ЕАСТ на други места добиваат одбивање за престој по пет години престој во друга земја, ако се невработени  12 месеци. Ова правило се применува дури и да има конвенција за утврдување на живеалиште со нивната родна земја", истакнува службата. Швајцарските власти одлучија да ги преземат овие мерки, бидејќи се на ставот дека "Во последно време недостасува прецизни мерки за доделување на социјална помош и дозвола за престој, особено на граѓани дојдени во Швајцарија да бараат работа или лица кои останале без работа за време на престој во Швајцарија ". Во 2012 година над 250 000 луѓе - од кои речиси една третина под 18 години - добиле економска социјална помош во Швајцарија, што е за 6 отсто повеќе во однос на претходната година, според податоците на Федералната статистичка служба од средината на декември. Во исто време, додека одвај 2,2% од Швајцарците земаат социјална помош, таква помош добиваат 3,1 проценти граѓани на ЕУ во Швајцарија. Уделот на странците меѓу над 8-милионското население на земјата расте, пишува БТА. Зголемувањето се должи главно на приливот на европски граѓани, додека бројот на граѓаните на трети земји останува практично непроменет. Кон крајот на ноември во Швајцарија живееле 1,88 милиони странци, од кои 1,25 милиони од ЕУ или ЕАСТ. Швајцарските гласачи ќе учествуваат на 9 февруари на референдум по иницијатива на десната популистичка партија. Демократска унија на центарот со цел ограничување на имиграцијата бара обновување на квотите за странска работна сила и отстранување на договорите за слободно движење на луѓе меѓу Швајцарија и ЕУ. Економските кругови отворено се изјаснија против ваквиот закон.   K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени