16 Мај, 2024
0.0297

Швајцарски искуства за справување со поплавите

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Швајцарски експерти за справување со ризици од поплави ќе и помогнат на Македонија да изгради стратегија и изнајде најсоодветни мерки за справување со поплавите и ризиците од катастрофи. На работилницата, што се одржа во рамки на проектот Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион, кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања (SECO), експертите ги презентираа најновите меѓународни случувања и современи пристапи за намалување на ризикот од катастрофи.

Целта на проектот е да се направи суштинска промена во начинот на справување со ризикот од поплавите во полошкиот регион, кој се смета за најранлив во однос на ова прашање. Само во 2015 и 2016 година во регионот се случија неколку поплави од кои една со катастрофални последици која однесе човечки животи и направи голема материјална штета.

Швајцарскиот експерт за управување со кризи и намалување на ризици од катастрофи, универзитетскиот професор Маркус Цимерман, ги сподели искуствата на Швјцарија и успешноста на моделите што се применуваат на национално и светско ниво. Според Цимерман, во текот на реализацијата на проектот кој ќе трае четири години, треба  да се подобри подготвеноста и да се зајакнат капацитетите на институциите за заштита од поплави. Предвидено е градење на стратегиски важна инфраструктура, воспоставување на системи за навремено предупредување и алармирање, како и одржлив урбанистички и економски развој во општините од овој регион.

На работилницата беа презентирани и наодите од истражувањето и оценувањето на Планот за управување со ризикот од поплави во регионот. Овие податоци ќе им овозможат на експертите и проектните партнери да предложат конкретни мерки за намалување на ризикот од поплави.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“