ШВАЈЦАРСКИОТ ГИГАНТ ГИ КРЕВА ЦЕНИТЕ: Слатките задоволства поскапо ќе ги купуваме

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2023
Оваа година
швајцарската компанија Нестле ќе мора дополнително да ги зголеми цените на
своите прехранбени производи за да ги компензира повисоките трошоци за
производство.
Ова денеска го изјави извршниот директор Марк Шнајдер за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
„Зголемувањата нема да бидат толку големи како во 2022 година, но ќе мораме да ги надоместиме во текот на целата година“, рече Шнајдер во интервју за германски весник што ќе биде објавен утре, пренесува Ројтерс.
Во првите девет месеци од 2022 година, најголемата светска групација за храна, која ги произведува чоколадцата KitKet и Нескафе, забележа органски раст на продажбата од 8,5 отсто, додека растот на цените беше 7,5 процентни поени.
Инфлацијата во многу развиени економии е на највисоко ниво во последниве децении, главно поради зголемувањето на цените на храната и енергијата.
фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERONМожеби ќе ве интересира
ПЛАТА И ДО 3.000 ЕВРА, ЗА КЕЛНЕРИТЕ ДО 1.500 - потрагата по сезонци никогаш поголема, еве кои земји се „најзагрозени“

ПУКА БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ? Падот на цените на становите е видлив во повеќе држави, ќе биде ли ова сигнал и за Балканот

НЕ ИМ Ѐ ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ, А ЗАРАБОТУВААТ НАД 1.000 ЕВРА! Едно работно место во Србија носи и до 4.000 евра

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

ДАЛИ КОЛАПСОТ НА НЕКОЛКУ БАНКИ Е ВОВЕД ЗА ПОДЛАБОКА БАНКАРСКА КРИЗА: Каква е состојбата десет дена подоцна?

Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет за да му се пожали на цените
Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм
