05 Декември, 2025
0.0368

ШВАЈЦАРСКИОТ ПРЕХРАНБЕН ГИГАНТ СО РИГОРОЗНА ОДЛУКА - отпушта 16 илјади работници

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2025 12:34

Добивај вести на Viber

Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави дека ќе укине околу 16.000 работни места во следните две години за да ги намали трошоците.

Компанијата ќе отпушти околу 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште 4.000 по спроведувањето мерки за зголемување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување.

Нестле мора да се „промени побрзо“ за да се прилагоди на променливите глобални услови, рече извршниот директор Филип Навратил, додавајќи дека отпуштањата се „тешка, но неопходна одлука“.

Како дел од новиот план, менаџментот на Нестле има намера да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (3,23 милијарди евра) до 2027 година. Досега планираа да ги намалат за 2,5 милијарди франци.

Најголемата светска компанија за храна ги објави намалувањата на работните места во прелиминарниот деловен извештај за првите девет месеци од оваа година.

Во периодот од јануари до септември, приходите на Нестле изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е намалување од 1,9 проценти во однос на истиот период минатата година.

Кога се исклучуваат валутните флуктуации и еднократните ставки, тие се зголемија за 3,3 проценти.

Неповолните валутни курсеви го намалија резултатот за 5,4 проценти.

Продажбата во првите девет месеци се зголеми за 0,6 проценти, а цените се зголемија за 2,8 проценти, покажа деловниот извештај.

Резултатите на европскиот пазар покажуваат 3,7 проценти повисоки цени отколку во првите девет месеци од минатата година и зголемување на продажбата од 0,5 проценти.

За целата 2025 година, раководството на Нестле очекува „малку посилен органски раст“ од минатата година, без да прецизира бројки. Резултатите од минатата година покажаа органска стапка на раст од 2,2 проценти, што е најниска за најмалку 25 години.

Фото: Принтскрин/Икс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен