07 Декември, 2025
0.0563

„ШВАЛЕР“ И „ДЕДА“ - Мендух Тачи и Арбен Џафери биле следени без судска наредба

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019 14:35

Добивај вести на Viber

Поранешен вработен во УБК, Марјан Јанкуловски, на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите, кажа дека без наредба и под псевдоними биле прислушувани и Мендух Тачи и Арбен Џафери, пренесе МИА.

„Имаше чудни псевдоними кои ги знаевме само ние оперативно, се знаеше дека „швалер” е Тачи, а „деда” е Арбен Џафери. Сомнително ми беше што за нив немаше наредба, а тие цело време беа вклучени на системот за прислушување. Со Звонко Костовски разговарав дека нешто не е во ред, тој ми велеше дека не знае за тоа. Во УБК паралелно работеа двата система за комуникација, и Најс и Верин. На едниот вежбавме, а на другиот тековно се одвиваа прислушувањата“, рече Јанкуловски.

Сведокот учествувал и во комисијата за уништување на опрема за прислушување.

„Еден ден не викнаа, за викенд и опремата товарена на камиони се однесе на отпад каде што беше уништена на преса. Наредба добивавме од Никола Бошковски каде да се унушти опремата, а на уништувањето присутни беа и Тони Јакимовски и Горан Грујовски“, посочи Јанкуловски.

Уништувањето на опремата било снимено со камера. Сведокот бил еднаш на уништување на опремата, но дел од комисијата била уште еднаш да за се доуништи.

„Никола Бошковски ми се јави пред да дадам изјава во СЈО, тој и ме однесе до Обвинителството и попат ми кажа што да кажам пред обвинителите. Тој ми се јави кога завршив со исказот во СЈО и дојде да ме земе од дома и на еден паркинг ме прашуваше кои одговори сум ги дал. И Горан Грујовски ми се јави за време на истражната постапка, беше во паника и ми рече дека ќе не апселе за викендот и дека би било фино со семејството да не бидам во Скопје бидејќи и тој немало да биде дома. Тој ми рече ако има некој проблем да се јавам кај некој адвокат Перо и ми даде број. На втората средба со Грујевски на тефтер ми пишуваше што треба да одговорам ако ме испрашуваат пак“, изјави Јанкуловски.

Кажа дека добил листа од Надица Николиќ да приклучи 10 броеви и во нив го препознал бројот на неговиот син. Кога ја прашал, таа му рекла дека Грујевски и кажал оти тоа се кандидати за вработување и сакал да се стават за слушање.

Рочиштето за „Таргет – Тврдина“ ќе продолжи на 12 декември со вкрстено испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски, на барање на одбраната, заради подобра подготовка и поради високата телесна температура на обвинетиот Сашо Мијалков која ја имал од утринава.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село