Шведскиот модел без строги рестрикции сепак не доведе до зголемена смртност
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Март, 2021
Шведска, земјата која ги избегнува строгите затворања кои поттиснаа голем дел од глобалната економија, сепак доведоа до помало зголемување на нејзината вкупна стапка на смртност од повеќето европски земји, покажа анализата на официјалните извори на податоци.
Експертите за инфективни болести предупредуваат дека резултатите не можат да бидат толкувани како доказ дека заклучувањата биле непотребни, но признаа дека тие можат да укажат на целокупниот став на Шведска во борбата против пандемијата и дека имаше заслуги вредни за проучување, објави Ројтерс. Во изминатата недела, Германија и Франција ги продолжија блокадите поради зголемувањето на случаите на коронавирус и големиот биланс на жртви. Економистите велат дека ова дополнително ќе го одложи закрепнувањето на економијата. Шведска најмногу се потпираше на доброволни мерки насочени кон социјално дистанцирање, хигиена и правила како луѓето да се чуваат. Училиштата, рестораните и продавниците во голема мерка се отворени - пристапот што го имаат остро ги поларизира Швеѓаните, но ја поштедија економијата од голем удар. Прелиминарни податоци од агенцијата за статистика на ЕУ Евростат собрани од Ројтерс покажа дека Шведска имала 7,7 отсто повеќе смртни случаи во 2020 година од просекот за претходните четири години. Земји кои се одлучија за неколку периоди на строги заклучувања, како што се Шпанија и Белгија, имаа таканаречен вишок смртност од 18,1 отсто и 16,2 отсто соодветно. Дваесет и една од 30-те земји со достапна статистика имаа повисока смртност од Шведска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.