15 Декември, 2025
0.0498

Си-Ен-Ен: Путин назначува „вршители“ на четири анектирани украински региони, што е во спротивност со меѓународното право

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2022 12:25

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин назначи „вршители на чело“ на четири незаконски анектирани украински региони, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Четворицата новоименувани лидери ќе управуваат додека не се изберат официјални раководители за регионите во согласност со руските закони, објави ТАСС, пренесува Си-Ен-Ен.

Сите четворица вршители на должности се истите функционери кои ги водеа регионите под руска окупација пред Путин да ги потпише документите за анексија, кои се во спротивност со меѓународното право.

Денис Пушилин стана вршител на должноста шеф на Народната република Доњецк (ДПР), а Леонид Пашечник сега е вршител на должноста шеф на Народната република Луганск (ЛПР), според ТАСС. Евгениј Балицки ќе биде вршител на должноста гувернер во регионот Запорожје, а Владимир Салдо сега е вршител на должноста гувернер во регионот Керсон.

Четворицата официјални лица ги потпишаа таканаречените договори за пристапување на четирите соодветни региони во Русија на 30 септември за време на церемонијата во Кремљ.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете