Си заминува една од дамите во кабинетот на Ангеловска
Објавено во: Економија 26 Септември, 2019 15:42
Не помина ни еден месец откако новата министерка за финансии Нина Ангеловска го претстави својот нов тим пред јавноста, меѓу кој и Анја Марија Макеска, а таа веќе решила да си замине од ресорот за финансии, дознава Фактор.
Анја Марија Макреска беше најавена како координатор на социјални медиуми и односи со јавност, како и да се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на Министерството за финансии.
Според информации на Фактор, Макреска, која уште неколку дена ќе остане во Финансии, си заминува од приватни причини од едно од најзначајните министерства во земјава. Се уште нема официјална потврда на оваа информација.
Министерката Ангеловска промовирајќи го својот кабинет рече дека е составен најмногу од жени, а беа најавени и надворешни соработници.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




