19 Декември, 2025
0.0395

КОИ СЕ ТИЕ: Четири дами ќе и помагаат на Ангеловска во работата со државната каса

Објавено во: Економија 16 Септември, 2019 06:55

Добивај вести на Viber

 Кристина Попова, Ивана Станковиќ , Олимпија Христова Заевска и  Анја Марија Макеска се четирите дами кои ги одбра минстерката за финансии да и помагаат во управувањето со државните пари.

Сите со искуство ќе ја советуваат во различни сектори наследничката на Тевдовски која на почетокот на месецот застана на едно од клучните министерства во државата.

Имено Ивана Станковиќ ќе биде посебен советник за јавен долг и финансиски систем, за меѓународните финансии, ИПА и односи со ЕУ Нина ќе ја советува Олимпија Христова Заевска, а Анја Марија Макеска ќе биде достапна и ќе и стои на располагање на јавноста.


Шефица на кабинетот ќе биде Кристина Попова која има работно искуство токму од министерството со кое раководи Ангеловска.

Нина Ангеловска реши во тимот како надворешни консултанти да ги ангажира и Маријан Петрески и Павле Гацов . Во објавата на Фејсбук министерката посочува дека ќе бидат нејзини соработници во областа на макроекономијата и даночните политики.

Топ пет задачи за Нина Ангеловска како министер за финансии

Ангеловска е млада амбициозна жена коосновач и косопственик на трговска платформа позната како „Групер“ која посредува на продавачи на стоки и услуги и ги прави подостапни за клиенти.

Фирмата сопственик на „Групер“ се вика „Вебспот“ ДОО и лани имала приходи од 373.000 евра, а направила добивка што надминува 100.000 евра.

Читајте и ... Со фитнес ослободува стрес, трчањето ѝ е страст: Која е Нина Ангеловска, идната министерка за финансии

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии