25 Април, 2024
0.0272

Сијарто до Америка: Никој oд надвор не може да ни каже како да живееме

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијатро вели дека заврши времето кога Америка се мешаше. 

Тој го обвини американскиот амбасадор во Будимпешта дека се обидува да се меша во внатрешните работи на земјата, пренесе Асошиетед прес. Вчера Сијарто одржа прес-конференција по повод изјавата на амбасадорот Дејвид Пресман за магазинот „Политико“ за пристапот на Унгарија кон војната во соседна Украина, која американскиот дипломат ја опиша како „политика одобрена од Путин“.

„Не е негова работа да се меша во внатрешните работи на Унгарија“, рече Сијарто.

Пресман, кој беше назначен од администрацијата на Бајден, претходно беше постојан претставник на САД во Обединетите нации за специјални политички прашања. 

„Таа ера е завршена. Унгарија е суверена земја. Никој oд надвор не може да ни каже како да живееме“, додаде министерот. 

Унгарија е против санкциите воведени за Русија. Дури унгарскиот премиер Виктор Орбан деновиве ги повика Украинците да престанат да се борат, затоа што Русија секако ќе победи. Тој ја нарече Украина „ничија земја“, со што ги налути украинските власти. 

Орбан лани предизвика реакции откако се појави со шал на кој имаше мапа на „Голема Унгарија“. Украина остро реагираше на овој потег на Орбан. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)