18 Декември, 2025
0.0477

СИЛЕН БИЗНИСМЕН СО КОМПАНИЈА ВО АМЕРИКА СО 400 КАМИОНИ - Трајче Ристовски е нашинецот кој ќе гради во Кавадарци со 30 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Април, 2023 14:16

Добивај вести на Viber

Трајче Ристовски е нашинецот од Америка кој ќе го гради големиот комплекс во Кавадарци, Литл Америка, и во кој планира да вложи 30 милиони евра.

Во разговор за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, открива повеќе детали за планираната инвестиција.

„Зошто да не го откријам. Тоа е Трајче Ристевски, тој е мој другар одамна. Тој живее и работи во САД повеќе од 20 години и има многу успешен бизнис таму. Работи во областа на транспортот и неговата компанија поседува повеќе од 400 камиони. Исто така, работи и во областа на трговијата со недвижен имот“, објаснува Јанчев. 

На нашето прашање како се успеа да се заработат 30 милиони евра, Јанчев вели дека тоа е американски систем, каде вредните и чесни луѓе што знаат да работат, умеат и да остварат профит, а не како во случајот со нашите компании, каде што се уште, како што вели, е прилично слаба профитабилноста.

„Каков е тој силен систем, говори фактот што тие срдства беа три месеци чувани во американската централна банка, пред да се дозволи нивен влез во земјава. Сега се дојдени во земјава околу седум до осум милиони евра, согласно договорот, средства кои се доволни за старт на градбата, и за првата фаза“, објаснува Јанчев во разговор за Фактор.

На шега Јанчев вели дека неговата цел е всушност да го направи Кавадарци - Америка, па потоа не е проблем да си замине од градоначалничката позиција.

Инаку, првичната цел е да се изгради суперлуксузниот мол, за кој веќе изградбата е почната и направен е ископ, на локацијата каде што ќе се гради. Догодина до мај целта е да дојде молот до фаза на карабина, додека, пак, во јули или август 2025 година молот би требало да биде целосно готов, а после една до две години да бидат изградени и пуштени во употреба и станбените згради.

На нашето прашање дали се направени студии и дали ќе се обезбедат доволно купувачи за мол во Кавадарци, Јанчев вели дека во него ќе доаѓаат граѓани од Велес, Неготино, Градско, Кавадарци, Гевгелија...

Инаку, Трајче Ристовски е сопруг на познатата фолк пејачка Јасмина Мукаетова. 

Фактор објави за оваа инвестиција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје