26 Јуни, 2024
0.0291

СИЛЕН ПОВИК ДО СИТЕ 120 ПРАТЕНИЦИ ОД КОЦАРЕВ - гласајте против уставните измени за да не се распадне Македонија

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Македонија треба да чекори по европскиот пат, но на тој пат ние треба да чекориме само како Македонци. Инаку, во спротивно, тој пат води кон пропаст, исчезнување, обезличување, разнебитување, истакна Љупчо Коцарев, првиот човек на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) во своето четвртото по ред обраќање на годишните собранија, пренесе весникот Нова Македонија.

Тој посочува дека договорите со Грција и со Бугарија се нашата најголема траума, а исто така ги повика сите 120 пратеници во Собранието да се изјаснат против уставните измени, за, како што рече, да не се распадне Македонија. 

– Свесен сум за геополитичката реалност и дека Македонија, соочена со геополитички превирања, мораше час поскоро да стане членка на НАТО, но сепак, продавањето и предавањето на сѐ што е македонско е бесмислено, непродуктивно, па дури и геополитички неоправдано – изјави Коцарев.

– Бидејќи договорите со Грција и со Бугарија се важечки за меѓународната заедница, а ќе бидат важечки и решенијата вградени во нашиот правен систем, што ќе го отсликуваат суштинскиот карактер на билатералните протоколи со Бугарија, за сите други, освен за нас самите, ние ќе бидеме народ без македонски идентитет, без македонска историја и ќе зборуваме на бугарски дијалект, кој, по 1945 година, се именува како македонски јазик. Договорите со Грција и со Бугарија, за Македонците значат дека македонскиот народ ‘нема свое место во светот, место што другите го признаваат и го гарантираат’ и оти македонскиот народ не припаѓа во семејството на сите народи. Погрешно и наивно се веруваше дека за опстојувањето на Македонците е доволно тоа што, иако осамени, или напуштени од сите други, Македонците не се сами, тоа што тие можат да проговорат со самите себе, што во секојдневна употреба, во научните дискусии, во уметничките творби, договорите не можат да забранат и понатаму да продолжиме да зборуваме и да пишуваме за Македонија и за македонскиот идентитет, историја и култура, за Македонците во Егеј и во Пирин. Меѓутоа, за потврдување на идентитетот на македонскиот народ, Македонците во целост зависат од другите држави, поточно, од меѓународната заедница. До 16 јуни 2018 година за повеќе од 130 држави и за речиси 80 проценти од жителите на планетата Земја ние бевме Македонци, што живеат во Република Македонија. Веќе на 17 јуни 2018 година – само еден ден подоцна, македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена“, истакна академикот.

Тој ги повика одговорните јавно да им се извинат на Македонците.

„Ги повикувам одговорните за овој грозоморен чин јавно да им се извинат на Македонците. Исто така, повикувам договорите со Грција и со Бугарија, коишто претставуваат културен геноцид на Македонците, во колективната меморија на македонскиот народ да се именуваат со изразот ‘македонски холокауст’. Ги повикувам и надлежните институции во Македонија да предложат ден за комеморативно одбележување на македонскиот холокауст. За да чекориме достоинствено по европскиот пат, ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание едногласно да се изјаснат против уставните измени. Ако сега кажеме ‘не’, Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ и да не се распадне. Ако дозволиме уставни промени, тоа ќе значи широко отворање на портите за други, нестварни и бесмислени барања, што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија. Промената на Уставот е првото, пробно, дури, можеби, и не толку застрашувачко барање – другите, посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат подоцна, по започнување на пристапните преговори. Договорите со Грција и со Бугарија значат крај на македонската историја. За Македонија не постои план Б: ова парче земја е нашата единствена татковина – Македонија, па затоа, 120 години по излегувањето на книгата ‘За македонските работи’, на борба за правото на самоопределување на македонскиот народ во меѓународната заедница, што ќе го отелотвори достоинствениот живот на Македонците“, објаснува Коцарев.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра