20 Декември, 2025
0.0533

Силен раст на приходите од продажба во сите сегменти

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2023 10:31

Добивај вести на Viber

Атлантик Група во текот на првиот квартал во 2023 година забележа приход од продажба во износ од 215,6 милиони евра, што во однос на истиот период минатата годинапретставува раст од 16,8%. Под влијание на значителните поскапувања во целокупниот спектар на деловни активности, добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) е намалена за 12,2% и изнесува 20,9 милиони евра, додека нето добивката во првите три месеци е намалена за 20,4% и изнесува 9,6 милиони евра.

„Атлантик Група во првиот квартал од 2023 година постигнува раст во сите деловни и дистрибутивни подрачја на сите важни пазари. Цените на суровините и материјалот за пакување, логистичките и други услуги и енергенси се и понатаму на високо ниво и како што најавивме тоа влијае на профитабилноста. Падот на профатибилноста делумно е ублажен со оптимизација на интерните ресурси и со зголемување на продажните цени на производите. Со силата на нашите брендови и луѓе, оперативната ефикасност и со вложување во дигитализација, модернизација и одржливост на работењето, подготвени сме за понатамошен раст” - истакнува претседателот на Управниот одбор на Атлантик Група, Емил Тедески.

Слаткои солено, Пијалоци и Кафе го предводат растот

Најголем раст од 34,0 отсто оствари Стратешката деловна област (СДП) Слатко и солено, чиј водечки брендови се Смоки и Најлепше жеље и тоа под влијание на оптимизација на асортиманот и зголемени маркетинг активности како и  подобри ценовни позиции на производите во однос на конкуренцијата. Следна е СДП Пијалоци со носечкиот бренд Цедевита и раст од 23,8% , а потоа СДП Кафе, со брендовите Баркафе и Гранд кафе, со раст од 14,5%. Кај дистрибутивните области предничат Србија со раст од 24,0% и Хрватска со раст од 20,0%.

Во вкупната продажба на Атлантик Група, екстерните брендови учествуваат со 27,1%, Фармација сочинува 9,4% додека сопствените брендови имаат учество од 63,5% во продажните приходи. Кафето е со удел од 20,1% во вкупниот продажен приход се истакнува како најголема поединечна категорија.

Соработка со Подравка и нов претседател на Надзорниот одбор

На крајот на март Атлантик Група и Подравка Група договорија соработка во САД и Австрија. Двете компании воведоа единствена практика на меѓусебна извозна поддршка, што подразбира дека дистрибутивната компанија на Атлантик во Австрија ќе обезбеди поддршка за пласман на производите на Подравка на австрискиот пазар, а во исто време Подравка ќе ги пласира производите на Атлантик на американскиот пазар преку својата компанија во САД. Целта на оваа соработка е да се максимизираат меѓусебните синергии и зајакнување на пласманот на производите на двете компании како и подигање на препознатливоста на брендовите, користејќи ја развиената деловна мрежа и пазарните позиции кои Атлантик и Подравка ги имаат на овие пазари.

Меѓу поважните корпоративни настани, треба да се истакне изборот на досегашниотчлен на Надзорниот одбор Зоран Вучиниќ на функцијата претседател на НО, а во работата на ова тело продолжува да учествува и поранешниот претседател Зденко Адровиќ како член. Зоран Вучиниќ е глобално докажан бизнис лидер со повеќе од три децении меѓународна кариера во областа на роба за широка потрошувачка, пред сѐво глобалното работење на The Coca-Cola Company.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии