24 Ноември, 2024
0.0278

СИЛЕН УДАР: Народната банка предвидува економијата да ни се струполи за 3,5 отсто

Објавено во: Финансии 05 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Народната банка очекува дека економијата на земјава же падне за 3,5 отсто, а ќе заздрави дури идната година, кога треба да порасне за 4,7 отсто. Ова се најновите значајно надолни прокеции на Народната банка, кои се слични со оние на Владата, којапрогнозираше економски пад од 3,4 проценти оваа година. 

Главните две причини се тоа што ќе им оди лошо и на нашите најзначајни трговски партнери, но и фактот што и кај нас важат рестриктивни мерки кои ја намалуваат економската активност.

Според гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, за македонската економија се очекува неповолно надворешно опкружување, со изразен пад на странската побарувачка. 

„Домашните рестриктивни мерки ќе имаат најнегативно влијание во вториот квартал. Очекуваме поекспанзивна фискална потрошувачка, а јавните инвестиции да бидат послаби годинава. Извозните капацитети ќе бидат позначајно погодени во вториот квартал“, рече Ангеловска. 

Според неа, кај нашите најзначајни трговски партнери, странската побарувачка за наши стоки и услуги ќе падне за 5 отсто оваа година. Ова значи голема надолна корекција во однос на октомври. Послаби очекувања има кај сите наши значајни трговски партнери, што се поврзува со неизвесноста колку ќе трае здравствената криза и можноста за појава на втор бран на пандемија. 

По солидниот раст на домашната економија лани од 3,6 отсто, соочени со пад на глобалната активност и домашните рестриктивни мерки, за оваа година очекуваме намалување на економската активност од 3,5отсто и постепено закрепнување, со тоа што за идната година, кога се предвидува раст од 4,7 отсто, нагласи гувернерката. 

Се очекува пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Ќе падне личната потрошувачка, и поради тоа што ќе забави кредитната поддршка, но и поради големата неизвесност. Бруто инвестициите ќе имаат пад од 10 отсто, кај извозот пад од 17 отсто, аувозот за 15 отсто.

Инфлацијата ќе оди надолу, годинава ќе биде околу нулата, а очекувавме 1,5 отсто. 

Главен ризик за ова сценарио е пролонгирање на здравствената криза. Тоа може да доведе до уште повисок пад на БДП. Ако странската побарувачка падне двојно повеќе од очекуваното, БДП дополнително ќе падне за 2,3 отсто. 

НБМ ја релаксираше монетарната политика и од почетокот на годината презеде повеќе мерки за ублажување на ударот, рече Бежовска.

Свесни сме дека во последните години поради здравоста и капитализираноста на банките имаше солидна кредитна поддршка за фирмите и граѓаните, а и првиот квартал оваа година е задоволителен. Сепак, во март се забележуваат сигнали на забавување. До крајот на годината очекуваме депозитите да забават на 2,3 отсто, ана кредитите до 3 отсто, но потоа тие повторно ќе забрзаат. Ова од причиба што кризата ќе го намали потенцијалот на граѓаните заштедење. Во поглед на кредитоте тие ќе се насочат кон реструктуирање на постојните кредити, нагласи гувернерката.

„Сведоци сме дека светот се соочива со една од најголемите и најтешките здравствени кризи, што бара преземање на брзи и силни мерки. Мерки се преземаат истовремено во сите земји, што говори дека секоја земја ќе биде поголема, особено во време на висок степен на глобализација и можност за прелевање на шоковите“, рече гувернерката.

ММФ за годинава очекува пад од три отсто за светската економија, што е најголем по Големата депресија. Во 2008 падот беше 0,1 отсто. Кај развиените економии се очекува пад од 6,1 отсто, а кај брзорастечките економии падот ќе биде помал и ќе изнесува 1 отсто. 

ММФ очекува силината на пандемијата да се намалува во втората половина на годината, а со тоа и намалување на рестриктивните мерки. 

Се очекува остра надолна корекција кај цената на енергенсите. Надолу се ревидирани и цените на храната. Индексот на ценитена металите паѓа со 17 отсто. Ова ќе има негативен ефект кај нашиот извоз. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?