ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2024
Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто - соопштуваат од ДЗС.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.
Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари. Фото: Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.