05 Декември, 2025
0.2222

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

Објавено во: Финансии 20 Ноември, 2024 06:20

Добивај вести на Viber

Најплатен менаџер во 2023 година во Германија е првиот човек на Фолксваген, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај тоа што доаѓа од автомобилската индустрија погодена од кризата.

Така, Блуме е првиот шеф на компанија DAX (Deutscher Aktien indeX) чија плата ја надмина границата од десет милиони евра.

Фолксваген, инаку, е во најголемата криза веројатно откако постои компанијата. Концернот се закани со затворање на фабрики во Германија, се најавуваат масовни отпуштања, намалување на бонуси, награди, плата...

На второ место е Бјорн Гулден од Адидас со 9,2 милиони евра, додека Кристијан Зевинг од Дојче банк го зазеде третото место со приход од 9 милиони евра, покажува студијата на здружението за заштита на инвеститори DSW.

Заработката на членовите на управните одбори на компаниите котирани на германската берза во деловната 2023 година се зголемила во просек за единаесет проценти и достигнала рекордни 2,65 милиони евра, покажува новата студија на ревизорската компанија EY.

Директорите на компаниите од DAX заработуваат во просек по 5,7 милиони евра, додека директорите на компаниите од MDAX заработуваат 3,5 милиони евра и на крајот менаџерите од SDAX - „само“ 2,1 милиони евра.

Анализирана е вкупната директна плата која вклучува фиксна плата и бонуси за членовите на раководството кои биле на функција во текот на целата деловна година.

Сепак, тој просек се однесува на сите компании кои се вклучени во индексите на германската берза, односно на DAX, MDAX и SDAX - вкупно 160 најголеми компании во Германија.

Индексот DAX го мери движењето на вредноста на 40-те најголеми компании на германската берза. Тоа е германска прва лига и претставува 80 отсто од пазарната капитализација на котираните компании во Германија.

Семејството на индекси DAX вклучува и индекси како што се MDAX, (среден дакс) кој ги вклучува следните 50 најголеми компании и SDAX (мал дакс), кој вклучува уште 70 големи компании.

Курир.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката