МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?
Објавено во: Финансии 19 Ноември, 2024 08:02
Медиумите пред неколку дена објавија дека во Федерацијата Босна и Херцеговина(БиХ) минималната плата ќе се зголеми на 600 евра.
Сепак, Салведин Шаторовиќ, претседател на Сoјузот на самостојни синдикати во БиХ вели дека тоа зголемување не се однесува исклучиво на најниска плата, туку на најниските примања на работникот. Додава дека терминот најниска плата се однесува за она што работникот го заработил, а тоа се 310 евра, а во најниски примања се вбројува и топлиот оброк, превоз, работниот учинок, кој со законските измени, работодавецот мора да го исплати во висина од 100 евра.
„Овде треба да се нагласи дека топлиот оброк и превозот, не се законски категории, што значи дека истите работодавецот не е должен да ги исплати, ако не се превидени во колективните договори, во правилникот за работа или во договорот за работа. Сите овие наведени работи се пречки до остварувањето на најниски примања за работникот од 605 евра. Според најавите на Владата на Федерацијата БиХ, се планира платата да се зголеми од 310 евра на 350 евра, а работодавците да ги обврзат да исплатат за топол оброк 130 евра и за превозот 25 евра, но и работен учинок од 100 евра, така што ќе дојдеме до 605 евра по работник и тоа ќе се однесува и на работниците кои допрва ќе засноваат работен однос“, додава Шаторовиќ.
Сепак, објаснува дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство изнесува 1.550 евра и еден работник кој заработува 1.200 евра, не може да обезбеди достоинствен живот за себеси и семејството. Но, секое покачување е добро и е чекор напред во однос на сегашната состојба.
Шаторовиќ додава дека и во БиХ за жал има ситуации кога работниците на работодавецот му враќааат во кеш дел од парите кои ги примиле на сметка или примаат дел од платата во плик и тоа поминува неказнето.
„Ако се работи за државна, градска или кантонална фирма, нема да може да наоѓа „дупки во законот“, а приватните сигурно ќе посегнат по тоа. Ако се каже дека е минималецот 600 евра, јас сфаќам дека тоа треба да биде чиста плата, плус топол оброк, и превоз, а ако е со топол оброк и превоз, исто како да не е покачена платата. Се надевам дека ќе биде подобро во иднина“, вели млада девојка од Сараево.
Амир Меџиќ од Здружението за текстил, обувки и кожа УТОК од БиХ вели дека на ниво на целата држава БиХ не е одредена најниска плата, туку на ниво на ентитет и таа се однесува на сите вработени без разлика каде работат.
„Тоа значи дека не можат да исплатат пониска плата од најниската, а најголем дел исплаќаат повеќе. Во Федерацијата БиХ сега најниската плата е 310 евра, а во Република Српска, најниската плата е 460 евра. Просечната исплатена нето плата за септември годинава, во Федерацијата БиХ е 700 евра“, додава Меџиќ.
Вели дека во РС, најниската плата е висока и работодавачите не можат да прифатат да исплаќаат повеќе пари, за што се води дијалог.
Во Македонија пак синдикатот, бара минималец од 450 евра веднаш, да не се чека до март 2025 година за зголемување кое според проценките ќе биде околу 2.000 денари или нешто под таа сума.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





