28 Ноември, 2024
0.0610

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ПОСТИГНАТ Е ВРЕМЕН ДОГОВОР СО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ

Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници. 

Мартин Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со приватните превозници, изјави дека се договориле за зголемување на тарифата по изминат километар. Сега, ќе им се исплаќа по 100 денари за изминат километар, иако претходно добиваа по 69 денари. Вонредна седница е предложена за утре.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА РЕАГИРА НА ИЗЈАВАТА НА МАРТА КОС

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени. 

Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава. 

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.

СЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

На тендерот за набавка за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ЕВН Хоме како универзален снабдувач на регулираниот пазар добил понуда од АД ЕСМ со цена повисока за 2 евра по мегаватчас. Актуелната цена е 60 евра по мегаватчас, а од 1 јануари 2025 таа би била 62 евра.

Од тоа по која цена државните електрани  ќе ја продаваат  својата струја на ЕВН Хоме, најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните од следната година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Родителите бараат дадилки кои повремено или пак за кратко би ги чувале нивните деца, во смисла да го земат детето од училиште и да останат со него додека родителот да си дојде дома. Но, дадилки тешко се наоѓаат, затоа што и жените кои чуваат деца, настојуваат да имаат ангажман со цело работно време и тоа да биде исплатливо.

Освен дека новогодишната кошница ќе содржи околу 600 производи и дека ќе биде познато кои се тие до крајот на следната недела, засега други детали не се откриваат. Намалените цени на производите ќе бидат во примена еден месец, но граѓаните се скептични дали и каков ефект ќе има новата кошница.

Дали држат или не обвинувањата од опозицијата дека власта ја партизира администрацијата нема да коментираме. Но, факт е дека од стартот срамежливо, но сега сѐ повеќе можат да се видат огласи за вработување во државните институции.

Извршниот директор на „Жито Полог“ по августовската „голема преселба на инвесторите“ ја презеде раководната позиција во тетовската компанија и за четири месеци стекна 1,33 отсто од сите акции со право на глас

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм

СЛАВЕСКИ ДО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива

СЛАВЕСКИ ДО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива