11 Јули, 2025
0.0300

Силно невреме однесе жртва во Хрватска

Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2023 12:42

Добивај вести на Viber

Силно невреме ја зафати Хрватска, при што разорен ветер урна објекти, а има и еден загинат. Во реката Дунав кај Вуковар е пронајдено безживотно тело на маж, по што претходно беше организирана потрага, соопшти денеска хрватската полиција.

Порталот Индекс претходно објави дека маж се обидел да спаси чамец од големо невреме и силен ветер што ја погоди Хрватска. Неговото тело е пронајдено на 200 метри од местото каде што наводно паднал во реката.

Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска објави црвен метео аларм за Велебитскиот канал и јужна Далмација.

„Ветерот ја крена целата конструкција, внатре имаше машини, трактор, останаа само темелите. Шупата излета седум метри до другиот дел од шталата со 200 овци и 100 јагниња. Фала богу, никој не беше повреден“, изјави за хрватскиот портал 24.sata.hr, жител на Плашник кај Гарешница во Хрватска, за последиците од невремето што во саботата ја зафати Хрватска.

Издадено е и портокалово предупредување за подрачјето на Риека, Сплит и Дубровник, западниот брег на Истра и Кварнер поради силно и многу силно невреме.

И во Србија има снежно невреме. Таму 25.000 луѓе се без струја. 

Во Македонија имавме студено утро со измерени -15 степени. 

Можеби ќе ве интересира

Американец купил куќа во Хрватска за 5.000 евра: Еве како се одлучил за оваа „авантура“

Американец купил куќа во Хрватска за 5.000 евра: Еве како се одлучил за оваа „авантура“

МАРТА КОС: Албанија напредува со темпо „без преседан“

МАРТА КОС: Албанија напредува со темпо „без преседан“

(ФОТО+ВИДЕО ГРАД ГО ПОБЕЛЕ СЛАВОНСКИ БРОД: Има штети на куќи и возила

(ФОТО+ВИДЕО ГРАД ГО ПОБЕЛЕ СЛАВОНСКИ БРОД: Има штети на куќи и возила

ОВА ГИ НАСМЕА ЛУЃЕТО: Силниот ветер на граница однесе мобилен тоалет од Хрватска во Србија

ОВА ГИ НАСМЕА ЛУЃЕТО: Силниот ветер на граница однесе мобилен тоалет од Хрватска во Србија

НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД: Неколку луѓе се повредени

НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД: Неколку луѓе се повредени

ЦАРИНИ ЗА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И СРБИЈА: Еве каков договор постигнаа дел од балканските земји со Трамп

ЦАРИНИ ЗА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И СРБИЈА: Еве каков договор постигнаа дел од балканските земји со Трамп

НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ, НИШТО НОВО: Нема лежалки, ама затоа има пешкири за чување место

НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ, НИШТО НОВО: Нема лежалки, ама затоа има пешкири за чување место

KВАДРАТ ДОСТИГНУВА И ДО 10.000 ЕВРА: Ова се цените во Хрватска

KВАДРАТ ДОСТИГНУВА И ДО 10.000 ЕВРА: Ова се цените во Хрватска

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ И СРБИЈА: Во Шид ветрот однесе косачка за трева

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ И СРБИЈА: Во Шид ветрот однесе косачка за трева