17 Декември, 2025
0.0670

„Симпо“ рестартиран, бара добавувачи и во Македонија

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2014 20:59

Добивај вести на Viber

Некогашниот гигант за мебел „Симпо“ излезе од блокада, со што се создаваат услови одново да започне производството во одредени фабрики веќе од 15 септември. Први се очекува да бидат рестартирани фабриките за тапетарски производи во Врање и за душеци во Бујановац. „Останатите фабрики постепено ќе стартуваат со работа во зависност од динамиката на пристигнување на репроматеријалите од земјава и од странство. Во тек се интензивни преговори со добавувачите за репрограмирање на долговите што ги има Симпо и за редефинирање на условите за испорака во иднина“, вели генералниот директор Слаѓан Дисиќ. Веќе во текот на оваа недела „Симпо“ треба да го посетат потенцијални добавувачи на клучните репроматеријали од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија и други земји, со кои ќе се дискутира за продолжување на соработката во иднина. Акционерското Собрание на „Симпо“ усвои одлука за претворање на даночниот долг, со која откако ќе ја потпише министерот за економија на Србија, државата ќе стане сопственик на удел од 80% во компанијата за производство на мебел, а претпријатието ќе се ослободи од долгот за неплатен данок. Државниот пакет акции потоа ќе биде понуден на продажба, а државата за тоа веќе води преговори со две сериозни странски компании. Основен услов за новиот стратешки партнер ќе биде неговата подготвеност да ја задржи целовитоста на „Симпо“ - препознатлив бренд од времето на поранешна Југославија, да ги задржи сите вработени, да изврши финансиска консолидација и техничка модернизација.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни