06 Декември, 2025
0.0291

Синдикатите мора да се менуваат во процесот на евроинтеграција!

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2013 12:08

Добивај вести на Viber

Започна Меѓународната синдикална обука што во организација на Европската конфедерација на синдикати следните два дена се одржува во Скопје. Тема на разговор притоа ќе бидат прашањата како и колку синдикатите можат да помогат во процесот на европската интеграција на Македонија, пред се во насока на усогласување на законодавството и унапредувањето на социјалниот дијалог.

Како што истакна Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски, заедно со другите синдикални организации се трудат активно да учествуваат во креирањето на политиките за работните односи, социјалните права, но и директно се поврзани со процесот на евроинтеграциите.

Од Европската конфедерација на синдикатити сметаат дека и синдикатите, но и целото општество мора да се мобилизираат за колку што е можно побрзо да ги придвижат своите земји кон ЕУ. „ЕУ сега е крајно брзо движечка цел и структурно се менува. Тоа е големата работа која треба да се напомене. Затоа е потребна поголема концентрација за поголемо разбирање и консензус за политиките бидејќи ЕУ, во која Македонија се надевам многу брзо ќе биде дел, ќе биде различно место од сега, рече Григор Градев. Тој додаде дека промените во ЕУ не се позитивни и оти таа сега можеби е во најлошата ситуација заради кризата и невработеноста, која и покрај добрите сигнали за наредниот период нема да заврши наскоро. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски пак нагласи дека Македонија има направено многу на полето на усогласувањето на националното законодавство во европското, како што има постигнато и голем напредок во унапредувањето на социјалниот дијалог како средство за постигнување консензус за важни економско социјални прашања.

„Дека има напредок во остварувањето на социјалниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите потврдува и последниот извештај на ЕК. Доказ дека Македонија и натаму останува на ставот дека социјалниот дијалог е добар начин за подобра заштита на правата на работниците и работодавачите, за подобра работна клима и побрз економски развој“, рече Ристовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?