06 Декември, 2025
0.0497

Синдикатите побараа укинување на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор?!

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 16:50

Добивај вести на Viber

Синдикатите кои делуваат во Македонски железници барат Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор да биде укината до влегувањето на Република Македонија во Европската унија.

Предлагаат Министерството за транспорт и врски да покрене иницијатива за измени на Законот за железнички систем, со кои ќе се предвиди укинување на Агенцијата.

„Агенцијата со своето неодамнешно делување во насока на присилна наплата на измислени заостанати такси и камати за задоцнето плаќање предизвикала неред во функционирањето на работниот процес и директно влијае на безбедноста на железничкиот сообраќај. Сметаме дека ваквиот инцидент не е изолоран, ниту е последица на немарност на службите, туку е резултат на неоправданоста на постоењто на агенцијата во услови на затворен  железнички пазар поради што финансирањето на истата претставува  неподнослив товар врз финансиското работење на двете претпријатија“, наведуваат синдикатите во барањето до ресорното Министерство.

Според синдикатите, работата  на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има економска или друга оправданост само во услови на либерализиран железнички пазар, што е возможен само доколу Македонија биде рамноправен член на ЕУ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?