СИНДИКАТОТ КОНТРА ГАЗДИТЕ, БАРААТ ЈАСЕН СТАВ ОД ВЛАДАТА - да не „мавтаат“ со закани за отпуштање на работници поради кризата
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022 09:38
Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои вчера се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 проценти од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, порача денеска Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение до јавноста.
„Фирмите треба да се одговорни, бидејќи Владата во време на Корона кризата ги помагаше бизнисите кои со парите на граѓаните се одржаа стабилни на пазарот, а исто така голем дел од нив ја злоупотребија паричната помош од Владата и наместо парите кај работниците завршија во нивните џебови, а обвинителството и институциите сеуште молчат“, пишуваат од Синдикатот.
Според нив, ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката социјална состојба на работниците и воедно на граѓаните во државава.
„Од тие причини бараме Владата да ја осуди и итно да преземе мерки во насока на спречување на ваквите условувања и да најде начин, законски да ги заштити вработените во приватниот сектор, посебно сега во ваква економска криза, особено поради тоа што бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направија милионски добивки додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот“, пишуваат од Синдикатот.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




