20 Декември, 2025
0.6854

Синдикатот на МНР алармира за манипулации за изборите во дијаспората

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016 17:21

Добивај вести на Viber

Синдикатот на македонската дипломатска служба денеска предупреди за партиска злоупотреба на амбасадите во пресрет на изборите и гласањето на дијаспората.

Според сознанијата на Синдикатот, државниот службеник вработен во Министерството за култура Дарко Стефановски допатувал во Париз на 9 ноември и бил во просториите на амбасадата заедно со партискиот тим на „помагачи”, на 10 и 11 ноември 2016 година, односно до крајниот рок за пријавување на гласачите од дијаспората.

„Упатениот “повик” од еден државен службеник вработен во Министерството за култура во кој главен “аргумент” за пријавување на нашите граѓани од дијаспората за претстојните парламентарни избори, па уште и каде се истакнува дека “Излезноста на овие избори е многу значајна од причина што од тоа зависи дали пратеник од дијаспората ќе имаме Македонец или Албанец”, е во најмала мера скандалозен и содржи јасни елементи на поттикнување верска и расна омраза и дискриминација, предупредуваат од Синдикатот. За разлика од 2014 година, овој пат вратите на амбасадата на Република Македонија во Париз му биле „ширум” отворени, а одделни вработени во амбасадата му овозможиле сесрдна логистичка поддршка, меѓу другото и користење на службените фиксни телефони на амбасадата, а со цел прибавување што поголем број пријави до крајниот рок. Ваквото овозможување и користење на амбасадата, претставува драстичен пример за злоупотреба на нашата дипломатија во партиски цели“ - пишуваат од Синдикатот.

Бараат случајот да се истражи и да се провери дали и како амбасадата била искористена. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки