29 Септември, 2024
0.0361

СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈАТА - МВР ГИ ОСТАВА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Немаат вода за пиење, нема влезна врата, можна е појава и на глувци

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Синдикатот на полицијата обелоденува дека во полициската станица за Граничен надзор во Чашка нема основни услови за живот, а нема ниту безбедност на границата. Соопштуваат дека полицајците меаат вода за пиење, а објектот во којшто работат е под сите стандарди.

-Нема ВОДА за пиење, нема влезна врата, нема рампа – контрола на влез и излез од станицата, нема осветлување - делови од станицата се комплетно неосветлени - црна темница, нема столчиња за седење, нема оперативно службено возило иако во неколку наврати ЕУ и Германската амбасада донираа возила токму за Граничната полиција а истите се користат од други служби во министерството, нема греење, нема униформи, не е чисто, објектот не е освежен ниту направено дезинфекција и дератизација во последните неколку години, постои појава на глувци и сето ова влијае на здравјето, способноста и функционалноста на полициските службеници како и нарушени меѓучовечки (колегијални) односи.

Синдикатот на полицијата детално информира за лошите услови во кои работат.

-По добиени бројни поплаки од страна на наши членови за начинот на работењето како и условите во Полициската Станица за Граничен Надзор Чашка сме обврзани да излеземе со следново соопштение:

Полициската станица за граничен надзор Чашка е под стандардите за работа на објект од прв степен, односно витален објект на министерството кое врши надзор и обезбедување на граничната линија со Р. Косово.

ПС за ГН Чашка според систематизацијата е предвидена да брои доволен број полициски службеници но за жал во моментот во станицата по список на ангажирани полициски службеници се недоволен број полициски службеник односно 36,8% што е далеку под минималните 50%. Сето ова преставува проблем за функционалноста на станицата како и безбедноста на граничната линија.

Поради вршење на секојдневен притисок над полициските службеници како и мизерните услови во станицата кои секојдневно се влошуваат и никој не превзема никакви иницијативи за подобрување на условите и состојбата на ПС за ГН Чашка, иако повисоките старешини се информирани за случувањата и условите во станицата, полициските службеници се приморани по разни основи да отсуствуваат од работа. По таа основа во моментот ПС за ГН Чашка оперира со недозволиви и завиден процент полициски службеници со што е значително ослабена функционалноста на станицата како и обезбедувањето на државната граница.

ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА Е НЕОБЕЗБЕДЕНА

Условите за работа на полициските службеници во ПС за ГН Чашка се под секаков стадард како за објект од прв степен, нема основни услови и МТС-ва: нема ВОДА за пиење, нема влезна врата, нема рампа – контрола на влез и излез од станицата, нема осветлување - делови од станицата се комплетно неосветлени - црна темница, нема столчиња за седење, нема оперативно службено возило иако во неколку наврати ЕУ и Германската амбасада донираа возила токму за Граничната полиција а истите се користат од други служби во министерството, нема греење, нема униформи, не е чисто, објектот не е освежен ниту направено дезинфекција и дератизација во последните неколку години, постои појава на глувци и сето ова влијае на здравјето, способноста и функционалноста на полициските службеници како и нарушени меѓучовечки (колегијални) односи. Станицата е лоцирана надвор од населено место со тежок пат за пристап како и намалени можности за комуникација и други неприфатливи услови. Се надеваме и дека ѓубрето кое се фрла на само педесет метри од станицата по наредба на непосредниот раководител, брзо време ќе биде исчистено!

На раководителите на смена неосновано им се одземени ингеренциите (спуштени на ниво на полицаец), за организирање на работата со што се губи авторитетот на раководителите во однос на полицајците, пишување на наредби за вршење на служба како и нивна контрола со цел што по ефикасно извршување на зададените задачи како и постигнување на резултати.

Во станицата свесно се кријат информации и службени поднесоци кои не се проследуваат понатаму со што се прикриваат одредени настани а со тоа се врши злоупотреба на службената положба (ова ОВККИПС дополнително да си го провери).

Ова се само мал дел од неприфатливи услови и проблемите со кој се соочуваат секојдневно полициските службеници при вршење на должноста.

Ги повикуваме стратешките партнери на Министерството за внатрешни работи, Меѓународната заедница, ОБСЕ, Дипломатските преставништва во државата да направат ревизија и одблиску да се запознаат со проблемите и недостатоците кои придонесуваат за нефункционалност и необезбедување на државната граница.

Продолжуваме и понатаму во борбата за подобри услови и права во Полицијата!

Ги охрабруваме вработените да пријават случаи на немање на нормални услови за работа во било која организациска единица во МВР!

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“