СИНДИКАТОТ ПОРАЧА: Или преиспитајте ја одлуката за поскапување на струјата, или да се зголемат платите и пензиите
Објавено во: Македонија 07 Август, 2020
Најголемиот синдикат во земјава бара регулаторите да ја преиспитаат одлуката за зголемување на цената на струјата.
Сметаат дека повисоката цена лошо ќе се одрази врз живортниот стандард.
„Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата, Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во него, не се согласуваат да има покачување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните“, велат од ССМ.
Нагласуваат дека Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со Одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 отсто, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза.
„Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто, и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања.
Нашите анализи изготвени врз основа на Синдикалната минимална кошничка која ја изговува ССМ и достапните податоци, ќе ги доставиме до Економско– социјалниот Совет, сѐ со цел да се овозможи покачување на платите, доколку не се отстапи од покачувањето на електричната енергија.
ССМ не сака нашите граѓани, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите и затоа уште еднаш укажуваме дека Регулаторната комисија треба да ја преиспита Одлуката за зголемување на цената на електричната енергија!“, децидни се од Сојузот на синдикатите на Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.