05 Декември, 2025
0.0429

СИНДИКАТОТ ЗАЧУДЕН ОД УРЕДБАТА ЗА ОДМОРИТЕ - вака нема да биде праведна за сите работници

Објавено во: Македонија 07 Април, 2020 11:30

Добивај вести на Viber

Владината Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, каде што новините всушност се однесуваат на користењето на деновите од годишниот одмор од 2019 година и 2020година, го затече Синдикатот, а и голем број од работниците во приватниот сектор.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија за Фактор велат дека новата Уредба за нив е нејасна и не е прецизна.

Дарко Димовски, првиот човек на ССМ нагласува дека според нивното толкување, оваа Уредба ќе важи за сите вработени од приватниот сектор, бидејќи во неа и така е наведено, а никаде не се споменува јавниот сектор.

Димовски, како што дознаваме, и вчера, а и денеска, е во постојана комуникација со заменичката во Министертвото за труд, Санела Шкријељ, како и со вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, со цел да се разјаснат сите дилеми што произлегуваат од Уредбата.

„Ние Уредбата ја толкуваме дека ќе важи за сите вработени во приватниот сектор. Тука се вклучени и оние што се ослободени од одење на работа бидејќи имаат мали деца до 10 години“, вели Димовски.

Тој вели дека кога заеднички се утврдувале мерките меѓу власта и синдикатот, било договорено дека ќе важи за сите, и за вработените во приватниот, но и за оние во јавниот сектор. Но, сега, во овој документ се наведени само работниците од приватните фирми.

Според Димовски, оваа мерка била договарана со цел газдите на приватните фирми, колку што е можно подолго да не ги отпуштаат работниците поради економската криза. Затоа и било договорено прво да се оди на користење на стариот одмор од 2019 до крајот на мај, а потоа и двете недели од новиот одмор од 2020 година да се искористи до крајот на јуни.

„Тоа, всушност, требаше да биде еден вид заштита, првична работа пред работниците да се пратат на платен принуден одмлор, каде што ќе земаат по 70 отсто од платата. Всушност, на тој начин требаше да се одоброволат газдите на приватните фирми да посегнуваат веднаш по отпуштање на работниците“, вели Димовски за Фактор. 

Димовски нагласува дека членот 3 треба да важи за сите вработени во приватниот сектор, без разлика дали ги користат времените мерки или одат на работа. ССМ стравува дека некои несовесни работодавачи нема да им го дадат годишниот одмор за 2019 година, повикувајќи се на членот 3 од Уредбата, каде се вели дека таа е само за работниците кои ги користат времените мерки, т.е, за нега на дете до 10 години, хронично болните и бремените жени.

Но се поставува и дилемата за оние работници кои работат во приватниот сектор, во туризам, угостителство и хотелиерство, за кои знаеме дека сите седат дома, велат од ССМ. Затоа ССМ ќе бара од социјалните партнери убаво да се дообјасни оваа уредба, за да се спречи нејзино толкување кому како му одговара.

Тој е дециден дека вака како што гласи, Уредбата не е праведна. Затоа ССМ жестоко ќе се залага таа да биде праведна за сите работници.

„Зошто се исклучени вработените во јавниот сектор, не е јасно. Дел од нив сега не одат на работа, а ќе можат одморот да го користат кога сакаат. Исто така, и дел од вработените од приватниот сектор, кои сега вредно работат, без разлика дали од дома или одат на работа, ќе мораат да го користат и новиот одмор во јуни. Така тие се обесправени во однос на оние кои сега не одат на работа“, вели Димовски за Фактор.

ССМ смета дека стариот одмор за 2019 година треба да биде искористен, за истиот да не пропадне, или согласно членот 145 од ЗРО, кој вели дека ако работникот не може да го искористи одморот, а го бара од работодавачот, тој треба да му го исплати.

ССМ вчера излезе и со објава својата фејсбук страница. 

Врз основа на член 137, ст.1 од Законот за работните односи, „Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена“, а согласно член 141, ст.3, Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на две непрекинати работни недели годишен одмор. Согласно член 3 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус КОВИД-19 се предвидува неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, а делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година.


Фактор го праша Министерството за труд и социјална политика да ни одговори конкретно прво, за кои конкретно фирми од приватниот сектор ќе важи оваа уредба. Дали ќе се однесува на сите компании од приватниот сектор, или на оние фирми кои сега имаат забрана за работа, како што се угостителски објекти, ресторани, фризерници и слично, или, пак, на оние фирми кои ќе користат од економскиот пакет мерки за надминување на кризата? Дали оваа уредба, со оглед што има законска сила, ќе биде наметнувачка за сите фирми задолжително нивните работници така да ги користат одморите, или, пак, ќе остави на газдите сами да одлучат, односно, доколку сакаат да можат да им дадат на своите работници и подоцна во текот на годината да ги користат своите одмори?

Дали доколку ова е обврзувачко за сите фирми од приватниот сектор, е коректно кон работниците од приватните компании, наспроти вработените во јавниот сектор кои немаат таква обврска, па ќе можат кога сакаат да си ги користат своите одмори? Дали не сметаат дека оваа мерка ќе им оди во прилог само на газдите и дека на овој начин ќе бидат обесправени работниците од приватниот сектор. Како и конкертно, какви правила ќе важат за вработените во јавниот сектор?

Фактор ги очекува одговорите и штом ги добие, ќе ги објави во целост.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите