Синиша Наумовски: Ефектите од унгарскиот заем ќе се почувствуваат во втората половина на 2025
Објавено во: Економија 14 Јули, 2024
Професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски, вели дека ефектите од „унгарски заем“ од милијарда евра ќе се почувствуваат во втората половина на 2025.
- Иако немаме многу информации за заемот, факт е дека заемот не е скап, а каматата од 3,25% е прифатлива особено ако се знае дека во минатото и дома се задолжувавме со камати од 5-6%. Верувам дека се е добро испланирано. Грејс периодот од три години и 12 години за отплата, значи дека имаме доволно време тие средства да ги пласираме во капитални проекти и самите да се оплодат. Тој период ќе треба внимателно да се набљудува во насока на правилно трошење на тој билатерален заем односно на средствата од оваа финансиско економска инфузија. Треба да се остави простор и за да се види каков ефект ќе има новиот заем на јавниот долг и обврските кои доспеваат од странство. Треба да дадеме шанса на вакви државотворни економски политики и политики за интеграција. Ако успее ваквата стратегија, ќе успее Македонија а ако успее Македонија ќе бидеме сите заедно посреќни, вели за Локално, Наумовски.
Според професорот, бенефитите од најавениот пакет инвестиции од една милијарда евра, вели дека треба да ги очекуваме догодина.
- Убеден сум дека ефектите од економските мерки кои ги воведува и најавува новата Влада ќе бидат во 2025 г. Оваа година ќе се бориме инфлацијата да биде 3,5% а растот и БДП кој е директно врзан со инвестициите, ќе биде околу 2%. Ефектите од инвестициите од тој т.н пакет од една милијарда евра, ќе се почувствуваат во втората половина од 2025 г. како година на сериозни позитивни поместувања во однос на оваа 2024 г. Убеден сум во тоа, бидејќи имаме стабилна Влада и не очекувам негативни конотации во меѓусоседските односи и евроинтеграциите. Се ќе биде стабилно, уверува Наумовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.