18 Декември, 2025
0.0439

Кој стана сопственик на кафе ресторан во новиот трговски Ист гејт мол?

Објавено во: Економија 30 Септември, 2021 08:10

Добивај вести на Viber

Иван Шилегов, синот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ќе раководи со угостителска подружница во Ист Гејт Мол, најголемиот затворен трговски центар во Македонија кој треба да ги прими првите посетители следниот месец.

На адресата на Ист Гејт Мол е регистрирана подружница на Папас-Гроуп во која основна дејност ќе биде подготовка и послужување на пијалоци, а помладиот Шилегов ќе биде нејзин раководител како овластено лице.

„Фактор“ се обиде да стапи во контакт со синот на градоначалникот на Град Скопје, но тој не одговараше на нашите телефонски повици и пораки во обидот да дојдеме до одговор дали станува збор за меѓународна франшиза и за каков тип на угостителски објект станува збор.

Шопинг-молот веќе најави дека покрај модните брендови и супермаркетот, како и другите активности, за посетителите ќе има и Кафе авенија на приближно 3.000 м2.

Новиот, најголем трговски центар во Македонија Ист Гејт Мол ќе се отвори во втората половина на октомври. Во него ќе има многу познати светски брендови. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично. 

Покрај тоа, нови десет згради ќе никнат на местото на поранешен Скопски саем. Бројот на планирани станбени единици е 672, а тоа е повеќе од 50 отсто од вкупниот број завршени станови во изминатата 2020 година. Токму оваа градежна динамика е тесно поврзана со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

Петре Шилегов, покрај синот Иван, ја има и ќерката Симона. Актуелниот градоначалник на Скопје во моментов е во изборна кампања за втор мандат. Првиот круг од локалните избори се одржува на 17 октомври.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје