18 Декември, 2025
0.0510

СИНОТ НА ШТЕРЈО НАКОВ, ДРАГАН, ЦЕЛОСНО ГО ПРЕЗЕМА УПРАВУВАЊЕТО СО КОМПАНИЈАТА - еве какви промени има во „Фершпед“

Објавено во: Економија 07 Август, 2023 10:18

Добивај вести на Viber

Отсега па во иднина Драган Наков ќе биде на позицијата генерален директор на „Фершпед“, компанијата која долги години беше доминантно поседувана и управувана од неговиот татко, познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков. 

За ова компанијата извести до инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

„Согласно член 39 став 2 од Статутот на ФЕРШПЕД АД Скопје, Одборот на директори изврши промена на позициите кај избраните Извршни членови на Одборот на директори.

На позиција Генерален директор е именуван Драган Наков.

Извршниот член на Одборот на директори - Генерален директор Драган Наков, согласно одредбите од статутот на друштвото има неограничени овластувања, го застапува Друштвото во односите со трети лица и е одговорен за водење на работите на Друштвото во рамките утврдени со Закон и Статут“, се вели во објавата на компанијата.

Натаму, во известувањето се додава дека на позиција Заменик генерален директор е именуван Иван Петровски. 

„Извршниот член на Одборот на директори – Заменик генерален директор Иван Петровски е одговорен за водење на комерцијалното работење на друштвото“, потернцираат од компанијата.

Драган Наков во моментов поседува 11,83 отсто од акциите на шпедиртерската компанија „Фершпед“, додека, пак, сличен процент акции, од 11,04 проценти, поседува и неговиот брат Сашо Наков.

Најголем акционер во Фершпед е всушност помалата шпедитерска компанија „Макошпед“, според состојбата прикажана од Централниот депозитар за хартии од вредност.

Додека, пак, „Европа“, фаврика за производство на чоколади и вафли, располага со 9,66 отстро од капиталот на „Фершпед“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа