„СИРИЗА“ и „Нова Демократија“ израмнети во пресрет на изборите
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2015 13:06
Грчката радикална левица „СИРИЗА“ има 0,5-процентна предност пред конзервативната партија „Нова Демократија“ во пресрет на предвремените избори на 20 септември, пренесоа агенциите, повикувајќи се на новото анкетирање на јавното мислење.
Анкетата на социолошката агенција „Пулс“ за сајтот „Банкинг њуз“ покажува дека партијата на Алексис Ципрас може да добие 27 проценти на изборите, а Нова демократија 26,5 проценти.
Анкетата покажува дека екстремната десница „Златна Зора“ може да добие 6,55 проценти од гласовите и да се најде на третото место.
„Независни Грци“ - досегашниот коалиционен партнер на Ципрас, се очекува да добијат 2,5 проценти од гласовите, што е под прагот од 3 проценти за влез во парламентот.
35 проценти од Грците сакаат партиите на првите две места да ја состават владејачка коалиција, покажува анкетата.
Ципрас досега не ја исклучил оваа опција, но лидерот на „Нова демократија“, Евангелос Меимаракис изјавил дека е отворен за таквата соработка.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




