СИРИЗА ЌЕ БИРА НОВ ЛИДЕР - централниот комитет го усвои предлогот за гласање недоверба на лидерот Каселакис
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2024 15:28
Со 163 гласа „за“ и 120 „против“ членовите на Централниот комитет на СИРИЗА денеска го одобрија предлогот да се гласа недоверба на лидерот на партијата Стефанос Каселакис.
Предлогот за гласање недоверба на лидерот беше доставен вчера од партиската фракција, т.н. „Група 87“, а за да се усвои предлогот беа потребни 148 позитивни гласа од вкупно 300 членови на Централниот комитет.
Станува збор за критично гласање што ќе ја одреди иднината на грчката опозициска партија, која во изминатиот период се соочува со низа внатрешни проблеми и несогласувања.
Како што пишуваат грчките медиуми, статутот на партијата предвидува, во случај Централниот комитет да му изгласа недоверба на лидерот со 50 отсто плус еден глас, тогаш се свикува вонреден конгрес, во рок од најмногу три месеци.
Стефанос Каселакис беше избран за лидер на СИРИЗА на крајот на септември минатата година.
Фото: Принтскрин/Твитер
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




